Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕВН се брани, никогаш нема да наплатиме повеќе од потрошеното

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 4, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регулаторната комисија за енергетика ( РКЕ) има став дека не се потребни измени во постојната регулативата за читање на струјомерите, затоа што таа обезбедува или точна наплата на потрошената електрична енергија кога било возможно отчитување на броилото, или порамнување на наплатената електрична енергија со наредното отчитување, кога не било возможно навремено отчитување на броилото, велат за Нова од РКЕ.

Народниот правобранител Насер Зибери, поттикнат од претставки на граѓани во врска со високите сметки на струја најави дека ќе побара измени во регулативата за читање на струјомерите со оглед на тоа што граѓаните се жалеле дека плаќаат авансно, многу повеќе од потрошеното и дека подоцна тоа не им се корегира. Со оглед на овие реакции омбудсманот ќе бара  регулативата да овозможи редовно читање на струјомерите, а граѓаните да плаќаат секој месец онолку колку што потрошиле, а не паушално.

ЕВН тврди дека нема никогаш да наплати повеќе од она што корисникот го има потрошено и ако поради какви било причини не било возможно отчитување на броилото, со наредното отчитување ќе се порамни потрошувачката во зависност од тоа дали корисникот потрошил повеќе или помалку од последната состојба.

Каква е сега праксата на читање на струјомерите и како законската регулатива го уредува ова прашање побаравме одговори од Регулаторната комисија за енергетика:

 – Согласно Правилата за снабдување со електрична енергија, за потрошувачите приклучени на низок напон, без вграден мерен уред за регистрирање на едновремена врвната моќност и за потрошувачите со мерни уреди со вграден уред за регистрирање на едновремена врвната моќност, кај кои што врвната моќност не се фактурира, операторот врши отчитување на мерните уреди најмалку еднаш во текот на календарската година. За останатите категории на приклучоци утврдени во Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија отчитувањето се врши на почетокот на секој календарски месец, велат од РКЕ.

Во ставот (7) од истиот член е уредено дека во случај кога периодот на отчитување не се совпаѓа со пресметковниот период, операторот на електродистрибутивниот систем врши вонредно отчитување или сведување на претходно отчитаните вредности од мерните уреди во рамките на пресметковниот период.

– Ако постои разлика помеѓу сумата од вредностите на пресметковните периоди кои се однесуваат за периодот на отчитување и вредностите кои се резултат од отчитувањето на мерните уреди, операторот на електродистрибутивниот систем врши порамнување така што разликата ќе ја пренесе во наредните пресметковни периоди, објаснуваат надлежните.

Понатаму, во членот 31 од Правилата за снабдување е уредено постапување во случај на неотчитување на мерните уреди.

Ако операторот од било која оправдана причина, не успеал да изврши отчитување на мерниот уред во предвидениот рок, пресметката на потрошената електрична енергија за тековниот пресметковен период ќе се изврши збирно со пресметката за потрошената електрична енергија во наредниот пресметковен период.

– Во ставот (2) од истиот член е уредено дека во случаите од став (1) од овој член, операторот има право да изврши проценка на потрошувачката и проценката да ја достави до снабдувачот. Точната пресметка и соодветното порамнување во случаите од став (1) од овој член ќе се изврши кога ќе се создадат услови за отчитување на мерниот уред. На крај, во ставот (4) од истиот член снабдувачот може да ги прифати податоците од самоотчитувањето на мерните уреди од страна на потрошувачот за пресметковниот период во кој операторот не извршил отчитување, се вели во одговорот за Нова од РКЕ.        

За тоа колку често се отчитуваат струјомерите, кој е процентот на струјомерите што не се отчитуваат редовно, и кои се причините за нередовното отчитување, во ЕВН тврдат дека и покрај тоа што со Законот за енергетика, Мрежни правила и правила за снабдување е пропишано отчитувањето на броилата да се извршува еднаш годишно, екипите на Електродистрибуција тоа го прават секој месец.

– Но, се случува броилото да не се отчитува поради различни причини, корисникот е отсутен, не е дома или во објектот, поради спречување на екипите за отчитување од страна на корисникот, поради непристапност до мерното место,  лоши временски услови, боледувања на отчитувачи, изолација поради корона вирусот итн, велат од ЕВН.

Податоците на компанијата покажуваат дека во просек на месечно ниво од 100 отсто броила секој месец се отчитуваат 85отсто, а во наредниот месец се отчитуваат и преостанатите 13отсто, додека најмалиот процент на броила од 2отсто се отчитуваат поретко бидејќи најчесто се работи за корисници кои живеат во странство.

–  Доколку се случи да не е прочитано броилото, за што се фактурира претпоставена вредност како просек од потрошувачката во последните 12 месеци, корисникот може да пријави состојби преку веб страницата evnonline.mk, преку маил, телефонски и во приемните канцеларии на Корисничките енерго центри на Електродистрибуција при што нашите служби ќе ги направат соодветните корекции, посочуваат од ЕВН.

Претпоставената фактура не значи по автоматизам повисока фактура за електрична енергија. Таа може да содржи и пониски претпоставени вредности на потрошувачка од реалната во тој месец.

Исто така, повисока сметка од очекуваната  може да се должи и на веќе направено порамнување по прочитана состојба, за која претходниот месец била испорачана претпоставена вредност пониска од тоа што било потрошено.

С.М.

 

Народен правобранител регулаторна сметки струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.