Москва ќе биде домаќин на Фајналфор турнирот во кошаркарската Евролига во 2019 година, пишува рускиот портал „известиа.ру“. Завршницата ќе биде во „ВТБ Арена Парк“ со капацитет од 12.000 места.
Тоа ќе биде прв турнир во престолнината на Русија на кој ќе биде промовиран новиот континентален првак по 2005 година. Тогаш со титулата замина Макаби Тел Авив по триумфот во финалето над тогашна ТАУ Керамика, денешна Басконија.
Истанбул ќе биде домаќин на годинашното издание на Фајналфор турнирот, организацијата во 2018 година ја доби Белград.