Скопските гола доволни на реваншот во Загреб: Вардар ќе игра на Фајналфор турнир во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар ќе бидат дел од Фајналфор турнирот во регионалната СЕХА лига. Тимот на ППД Загреб вечерва славеше во реванш четвртфиналниот дуел со 25:22 (полувреме...

Ракометна сензација во Келн: Барселона по вторпат се „удави“ во Вардар

„Црвено-црните“ по вторпат ги „исчистија“ Каталонците во полуфиналните пресметки во Келн. По триумфот во 2017 година со 26:25, вардарци попладнево повторно го елиминираа шпанскиот гигант со 29:27 и ќе играат против Веспрем во утрешното финале за титула во Лигата на шампиони (18 ч.)

Еден Македонец во финале во Келн: Манасков со Веспрем ќе игра за титула во ЛШ

Унгарскиот состав, чиј член е Дејан Манасков, во полуфиналето го совлада Кјелце со 33:30 (полувреме 13:13). Македонскиот репрезентативец остана без минутажа во дуелот за финале што се надеваме дека нема да биде така и во утрешниот меч за титула во „Ланксес арена“. Од 18 часот во „Ланксес арена“ ќе играат Вардар и Барселона во второто полуфинале

ХИПО е историја: Рекордна петта титула за ракометарките на Ѓер во ЛШ

Унгарскиот состав во финалето на Фајналфор турнирот во Будимпешта го совлада Ростов со 25:24. За МВП е прогласена норвешка голманка Карин Гримсбо. Бронзениот медал го освои дебитантот на турнирот, Вајперс Кристијансанд чии ракометарки во малото финале го совладаа Мец со 31:30

Женска ЛШ во ракомет: Ростов и Ѓер за титула во Будимпешта

Во полуфиналните дуели, рускиот претставник го совлада Мец со 27:25 (полувреме: 15:8), а бранителот на титулата беше подобар од норвешки Вајперс Кристијансанд со 31:22 (полувреме: 18:8). Големото финала е утре попладне (18 ч.), од 15.15 ч. ќе се одигра и мечот за бронзен медал

Пораз со сладок вкус: Вардар по третпат на Фајналфор турнирот во ракометната ЛШ

„Црвено-црните“ излегоа како севкупни победници во четврт-финалниот двомеч со ПИК Сегед и покрај триумфот на Унгарците на домашен терен со 29:25 (полувреме: 17:9). Залихата што вардарци ја складираа во првиот меч во Скопје, сепак, беше недостижна за составот на Хуан Карлос Пастор во реваншот

Седмо финале за Вардар во СЕХА лигата: Против Загреб по петта титула, трета во низа

„Црвено-црните“ дофатија ново финале во регионалното ракометно натпреварување по триумфот над Мешков Брест со 25:23 (полувреме 14:10) во второто полуфинале на Фајналфор турнирот во Белорусија. Претходно ППД Загреб ја доби хрватската пресметка со Нексе со 28:23. Мечот за титулата е утревечер од 19 часот