Жалгирис и Басконија го возвратија ударот по тешките порази во првите средби од четвртфиналната серија во кошаркарската Евцролига. Литванскиот состав славеше над Фенербахче во Истанбул со 82:80 (по четвртини: 20:21, 26:18, 27:19, 9:22), а шпанскиот ја совлада ЦСКА во Москва со 78:68 (по четвртини: 27:18, 15:19, 24:15, 12:16). Резултатот во двете пресметки е 1:1.
Третиот и четвртиот натпревар меѓу Жалгирис и Фенербахче ќе се одиграат во Каунас на 23 април, односно, на 25 април. Басконија, пак, ќе биде домаќин на фаворизираните московјани на 24 април и на 26 април.
За утревечер се закажани вторите мечеви во сериите Анадолу Ефес – Барселона (1:0) и Реал Мадрид – Панатинаикос (1:0).