Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа пред новиот предизвик на low-cost тероризмот

0
By Светлана Јовановска on August 19, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 19, 2017 09:58

Новата стратегија на терористите доби модерно име – low-cost тероризам (по ефтина цена). Едноставно речено, цената за подготовка и изведување на нападот е ниска а може да убие голем број луѓе и нанесува огромна болка.

Тоа го покажуваат нападите на терористите во Барселона пред два дена каде загинаа 14 лица, вчерашниот напад во Финска со 3 мртви, нападите во Ница на 14 јули 2016 година кога загинаа над 80 лица, 12 загинати на 19 декември 2016 година во Берлин, два напади во Лондон оваа година со 12 загинати лица но и напади во помали градови изведени со возило, нож или чекан.

Властите на европските држави тврдат дека нивните полиции спречиле повеќе вакви напади со откривање на плановите на потенцијаните терористи.

Инструкциите на ИД

Инструкцијата дојде пред речиси 3 години од терористичката организација Исламска држава (ИД). Во септември 2014 година, ИД испрати повик до сите нивни следбеници низ светот а пред се до следбениците во земјите кои се дел од коалицијата која се бори против ИД во Сирија и Ирак.

“Ако можете да убиете американски или европски неверник – особено гадните и валкани Французи, Австралијанци или Канаѓани или било кој граѓанин на земја од коалицијата против ИД, тогаш сметајте на Алах и убијте го на било кој начин. Удрете во главата со камен, забијте нож, газете со ваша кола, фрлете ги од високо, удавете ги или отрујте ги”, изјави Абу Мухамед ал-Аднани, портпарол на ИД во аудио порака испратена на повеќе јазици.

Абу Мухамед ал-Аднани

Накусо, за ова не е потребна никаква обука. Напаѓачите само треба да изберат цел, по можност позната улица или плоштад на кој има многу луѓе и работата е завршена. Овие приучени терористи се подготвени да бидат убиени или уапсени и не стравуваат од ништо. Техниката има за цел да го исцрпи непријателот со релативно мали удари.

Според европските експерти, за оваа стратегија не се потребни пари а бројот на жртвите може да биде голем. Тие тврдат дека Европа мора да се подготви на вакви напади во иднина а борбата со овој “ефтин” тероризам може многу долго да трае.

Извршителите на овие напади се најчесто млади луѓе родени во Европа но се чувствуваат отфрлени од западното општество и се лесна цел за проповедите на исламските џихадисти, најчесто на интернет. Европската полиција вложува многу напори за да ги разбие овие терористички напади. Но проблемот е во тоа што не се работи за вистински терористички ќелии туку за подготовки кои се вршат во домашни услови и се тешки за откривање. Понекогаш станува збор за еден човек или за сосема мала група што сама го подготвува нападот. Напаѓачите се радикализирани лица, повратници од Сирија па понекогаш дури и психички лабилни лица.

Напад врз симболични места

Соочени со новата терористичка стратегија, европските власти во последно време размислуваат и инвестираат во исто така “ефтина” одбрана на од вакви напади за се разместуваат бетонски блокови и тешки вреќи песок во местата кои би можеле да бидат цел на напад.

Според Фредерик Галуа, поранешен шеф на француската анти-терористичка полиција, секоја толпа народ е цел на терористички напад.

Нападот во Лондон во јуни годинава

Овој експерт за француските медиуми вели дека терористите се насочуваат кон цел која има максимум симболика како париската авенија Шанзелизе, барселонскиот Рамблас, лондонскиот Вестминстер… а ако овие места се добро обезбедени, терористите ќе нападнат во некоја блиска улица. Медиумите потоа известуваат дека е нападнат тој и тој град и со тоа целта на терористите е исполнета.

“Тие повеќе не бараат спектакуларна акција туку чести акции во обид да го дестабилизираат противникот. Таа зачестеност задава голем удар. Нивните инструкции се – бидете редовни со нападите. Ако сте забележале, има четири до шест недели помеѓу два напади во Европа. И ние сите си велиме, кај и да е нешто ќе се случи”, вели Галуа.

Експертите исто така се уверени дека ни највештиот разузнавач нема да може да ги спречи сите напади:

“Да не бидеме демагози и да бидеме реални. Со фрлање на вината врз сите муслимани или со затворање на џамиите нема да може да се реши проблемот. Напротив. Тоа само ќе и дава аргументи на ИД”, вели за агенцијата АФП Натали Гуле, претседателка на истражната комисија за борба против џихадистичките мрежи. Таа додава дека Европа мора да научи да живее со фактот што еден тип може да седне во кола, да се втурне во група луѓе и со тоа да убие. Според неа, во вакви услови, секој поединец мора да биде внимателен.

low-cost тероризам Барселона ИД терористичката организација Исламска држава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.