Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа се држи заедно против Ковид-19: Германија презема лекување на Италијанци

0
By Нова ТВ on March 29, 2020 ВЕСТИ
Фото: reddit.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 29, 2020 10:49

Поради недоволните болнички капацитети во Италија, германската армија почна со пренос на италијански пациенти со коронавирус во Германија. Освен нив, во земјата се лекуваат и заболени лица од Франција.

Ситуацијата во болниците во северна Италија е драматична, па германската воена авијација почна да пренесува италијански пациенти на лекување во Германија. Авионот за интензивна нега на Бундесверот, „Ербас А310 МедЕвак“ вчера полета од аеродромот во Келн кон Бергамо за да преземе шест пациенти во тешка здравстевна состојба.

„Во време на голема потреба се подразбира само по себе дека ќе бидеме на страната на нашите пријатели. Затоа со нашата летачка станица за интензивна нега на воената авијација сега префрламе најтешко болни пациенти од Италија на лекување во Германија. Тоа е важен знак на солидарност. Европа мора да се држи заедно“, изјави германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Авионот вчера попладне требаше да се врати во Германија, а пациентите би требало да бидат префрлени во две цивилни болници. Според информации на агенцијата ДПА, двајца ќе бидат во Католичката клиника во Бохум, а по двајца на универзитетските клиники во Келн и во Бон.

Ербасот „А310 МедЕвак“ на Бундесверот може одеднаш да превезува шест пациенти на кои им е потребна интензивна нега. Освен тоа, има и 38 места за лежење, при што за 16 пациенти е можен засилен медицински надзор.

Од германското Министерство за надворешни работи се вели дека досега во осум германски покраини се обезбедени 73 места за италијански пациенти. Освен тоа, во четири покраини се лекуваат 30 француски пациенти.

Германија Италијанци Коронавирус лекување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.