Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европејците ја одбележуваат годишнината од војната во Украина со антивоени демонстрации

0
By Marta Pesevska on February 25, 2024 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
A picture taken on May 16, 2022 shows flags of the European Union and Ukrainian outside the European Council headquarters in Brussels. (Photo by Kenzo TRIBOUILLARD / AFP)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 25, 2024 10:53

Антивоени демонстрации беа одржани во многу европски метрополи, каде знаменитостите беа осветлени во боите на украинското знаме на 24 февруари кога светот ја одбележа годишнината од тековната целосна инвазија на Русија врз Украина, објави РСЕ.

Ајфеловата кула во Париз, Колосеумот во Рим и Националниот театар во Варшава беа меѓу европските споменици осветлени во сина и жолта боја. Во Берлин, активистите поставија уништен руски тенк пред руската амбасада, а толпата набљудуваше со едноминутен молк на Плоштадот на слободата во Талин, каде претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се приклучија на церемонијата за загинатите.

Британскиот премиер Риши Сунак, исто така, одбележа едноминутен молк пред Даунинг стрит, додека двајца пејачи облечени во традиционални украински кошули ја пееја украинската химна.

Неколку протести беа одржани и во Ереван за поддршка на Украина. Група Украинци, Руси и Ерменци се собраа пред статуата на украинскиот писател Тарас Шевченко во знак на протест против војната. Уште една демонстрација беше организирана во близина на руската амбасада во Ереван.

Во Белград, околу 20 активисти се упатија кон руската амбасада, но беа спречени од полицијата да донесат торта во облик на череп за која велат дека го илустрирале резултатот на руската политика и окупацијата на Украина.

Дополнително, тие донесоа писмо адресирано до рускиот претседател Владимир Путин во кое бара негово предавање на меѓународниот суд кој ги истражува воените злосторства извршени во Украина.

Повеќе од 1.000 луѓе учествуваа и на антивоениот марш во центарот на Белград организиран од Украинската амбасада. Учесниците вееја украински знамиња и знамиња на САД, Германија, Данска и други земји кои ја поддржуваат Украина додека извикуваа „Слава на Украина“, „Да живее Србија“ и „Смрт на фашизмот“.

Украинскиот амбасадор во Србија, Володимир Толкач, рече дека Украина се обидува да го врати мирот и да ги казни одговорните за злосторствата. Тој и се заблагодари на Србија за „зголемената поддршка“ за Украина.

На маршот учествуваа и евроамбасадорот Емануел Џауфрет и заменик-амбасадорот на САД Џон Гинкел. Гинкел рече дека Србија ја покажала својата поддршка, наведувајќи ја нејзината помош во хуманитарните напори за луѓето во Украина.

Долго украинско знаме беше распослано на главниот плоштад на Републиката додека луѓето положуваа цвеќе во спомен на жртвите од војната пред украинската амбасада.

Во Женева се одржа мрачна церемонија пред канцеларијата на Обединетите нации, каде што амбасадорите на земјите кои ја поддржуваат Украина одржаа едноминутен молк.

Претставниците на Франција, Канада и Британија ја прегрнаа својата украинска колешка Јевхенија Филипенко, која носеше традиционална украинска кошула под јакната.

„Важно е Украинците да знаат дека светот се сеќава на нив, дека светот ќе зборува за злосторствата на Русите, за воените злосторства на Русите и за злосторствата против човештвото извршени во Украина“, им рече Филипенко на новинарите.

Жером Бонафон, францускиот амбасадор во ОН во Женева, рече дека годишнината е можност да се истакне неверојатниот отпор на украинскиот народ.

„Тука сме да го одбележиме трагичниот ден, почетокот на инвазиите врз Украина од страна на Русија, но и денот кога започна отпорот на кој сите се восхитуваме“, рече тој.

М. П. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.