Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската комисија го обнови договорот со Северна Македонија за борба против тероризмот

0
By Соња Крамарска on December 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска Европската комисија потпиша ревизија на билатералниот договор со
Северна Македонија, обновувајќи ги активностите за спроведување на
Заедничкиот акциски план за борба против тероризам за Западен Балка. Ова
дополнително ќе ја надгради соработката во полето на борбата против
тероризмот, спречувањето и спротивставувањето на насилниот екстремизам.
Договорот го потпишаа комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и
министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон рече: „Заедничкиот
акциски план за борба против тероризмот останува столб на нашата
соработка со Западен Балкан за да се осигура нашата заедничка безбедност.
Го поздравуваме напредокот постигнат од Северна Македонија во
спроведувањето на приоритетните дејствија, а потпишувањето на овој
обновен договор е конкретен знак за нашиот континуиран ангажман и
поддршка за нашите партнери“.

Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер
Спасовски рече: „Ми претставува задоволство да бидам тука да го
потпишам овој ревидиран договор со Европската комисија. Се појавуваат
нови безбедносни закани и предизвици и покажуваме дека меѓународната
соработка е од најголема важност“.
Ревидираниот договор меѓу Комисијата и Северна Македонија
идентификува конкретни приоритетни активности во областа на
антитерористичката соработка што ќе се спроведуваат во текот на 2023 и
2024 година.
Владата на Македонија ќе поднесува извештаи двапати годишно до Комисијата за фазите од неговата имплементација. Договорот предвидува поддршка на Комисијата за реализација на активностите.
Овој и другите договори што ќе бидат потпишани се дел од поширокиот Заеднички акциски план за Западен Балкан, потпишан во октомври 2018 година, кој обезбедува сеопфатна рамка за акција за борба против тероризмот, спречување и борба против насилниот екстремизам во регионот на Западен Балкан.

Овој зајакнат ангажман за безбедност е една од шесте водечки иницијативи во
Стратегијата на Комисијата за Западен Балкан и одговара на повикот од Софиската декларација од мај 2018 година за зголемена соработка во борбата против тероризмот и екстремизмот. Валидноста и важноста на Акцискиот план беше
реафирмирана на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-
Западен Балкан што се одржа во 2020 и 2021 година.
Претходниот Договор за имплементација на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот на Западен Балкан беше потпишан со властите на Северна Македонија во октомври 2019 година.

борба против тероризам Договор Европска комисија Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.