Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската комисија ја предупреди Албанија да се откаже од проектот со златниот пасош зашто ги ризикува визите

0
By Ана Василевска on December 9, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
Албански пасош
Албански пасош
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 9, 2022 13:02

Албанија треба да се откаже од спроведување на програмата за Златен пасош позната и како „шема за државјанство на инвеститори“ и да ја укине правната основа за таква програма со примена на нови измени во Законот за државјанство.

Оваа е препорака од Европската комисија во нејзиниот петти извештај во рамките на механизмот за суспензија на визите, во кој посочува дека напредокот во ваквата програма може да доведе до суспензија на визниот режим.

Препорака доаѓа откако вчера почна продажба на станови и за потенцијалните странски купувачи во проектот „Marina & Yachts of Durrës“ за што се очекува да се донесе посебен закон за да им се даде државјанство.

„Воспоставувањето шема за државјанство на инвеститори би било спротивно на препораките дадени во четвртиот извештај според механизмот за суспензија на визите и пакетот за проширување во 2021 година. Според процените направени од Европската комисија, програмата за државјанство на инвеститори би можела да послужи за заобиколување на процедурата за виза за краток престој во Европската унија, што претставува потенцијален миграциски и безбедносен ризик, стои во извештајот“, јави Ора њуз.

Европската комисија неколкупати ги повика властите во Албанија да не започнуваат ваква шема бидејќи може да доведе до вмешаност во многу незаконски афери како што се перење пари и други незаконски афери.

Шемата Златен пасош им овозможува на богатите странци кои финансиски придонесуваат во Албанија и исполнуваат специфични услови да добијат државјанство во оваа земја. Сепак, често има критики дека оваа шема е отворена врата за многу незаконски афери.

И покрај препораките на Европската комисија, властите во Албанија претходно нагласија дека нема ништо загрижувачки за спроведувањето на оваа шема.

Албански пасош Европска комисија Златен пасош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.