Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската комисија покрена постапка против Унгарија поради користење средства од европскиот буџет

0
By НОВА ТВ Terziova on April 27, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија покрена постапка против Унгарија во рамки на новиот механизам според кој користењето средства од европските фондови е условено со почитување на владеењето на правото, пренесува Хина.

„Идентификувавме прашања кои би можеле да бидат кршење на владеењето на правото и кои влијаат на буџетот на ЕУ“, рече заменик-претседателката на Комисијата за транспарентност Вера Јурова на прес-конференција.

Постапката е започната со испраќање допис кој е официјално предупредување.

Во име на Европската комисија го испратил комесарот за буџет Јоханес Хан, но содржината на писмото не е објавена.

Според правилата, постапката може да потрае и до девет месеци.

Унгарија сега има два месеци да одговори на писмото, а Комисијата потоа има еден месец да го анализира тој одговор.

После тоа, Комисијата може да предложи суспензија или намалување на плаќањата од европските фондови поради констатираните прекршувања, а конечната одлука ја носат членките на ЕУ со двојно мнозинство.

За казната мора да гласаат најмалку 15 земји-членки, со најмалку 65 отсто од населението на ЕУ.

Според извори од Комисијата, постапката е поведена поради сериозна загриженост во однос на унгарското искористување на средствата од европскиот буџет, меѓу другото поради условите за јавни набавки, недоволната контрола и транспарентност во користењето на средствата и недоволната борба против митото и корупцијата.

Регулативата, која никогаш претходно не била користена, му дозволува на Европскиот совет да усвои, на барање на Европската комисија, мерки како што се суспензија на плаќањата финансирани од буџетот на Унијата или суспензија на одобрување на една или повеќе програми финансирани од буџетот.

Унгарија и Полска, кои поради таа регулатива би можеле да останат без значителни средства од европскиот буџет, во март минатата година се обратија до Судот на ЕУ и побараа негово поништување, но Судот во февруари годинава го одби нивното барање.

Европска комисија Орбан Свет Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.