Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претставен инвестицискиот пакет од 3,2 милијарди евра на ЕУ, за унапредување на одржливо поврзување во Западен Балкан

0
By Mirjana on February 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 25, 2022 15:05

Денеска, Европската комисија објави значителен инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра за поддршка на 21 проект од областа на транспорт, дигитализација, клима и енергетско поврзување во Западен Балкан. Ова е првиот голем пакет на проекти во рамките на амбициозниот Економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, кој Комисијата го усвои во октомври 2020 и кој ќе ја стави во функција стратегијата на ЕУ – Глобална порта во овој регион.  Проектите се дизајнирани да донесат опипливи придобивки за сите шест партнери во регионот.

Комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји, рече: „Со овој голем инвестициски пакет, ја забрзуваме испораката на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан на терен. Ги идентификувавме овие водечки проекти во тесна соработка со нашите партнери. Подобрите и поодржливи врски во транспортот, дигиталната инфраструктура и обновливите извори на енергија ќе ја поттикнат економијата, ќе ја поттикнат зелената и дигиталната транзиција на регионот и ќе донесат мноштво можности за луѓето и бизнисите во Западен Балкан и низ ЕУ. Овие инвестиции ќе ја забрзаат и интеграцијата на регионот, во согласност со неговата јасна европска перспектива“.

Во текот на следните години, Економскиот и инвестициски план треба да мобилизира до 30 милијарди евра инвестиции, како комбинација од грантови, повластени заеми и гаранции. Планот ќе помогне да се затвори развојниот јаз меѓу Европската унија и регионот и да се поддржи економското закрепнување по пандемијата.

Денешниот финансиски пакет вклучува 1,1 милијарди евра грантови на ЕУ од Инструментот за претпристапна помош 2021-2027 (ИПА III), дополнителни билатерални придонеси од ЕУ Земјите-членки и Норвешка, и поволни заеми од меѓународни финансиски институции. Инвестицискиот пакет од 3,2 милијарди евра е канализиран преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) – инвестициска платформа предводена од ЕУ со повеќе донатори и основно финансиско средство за спроведување на Економскиот и инвестицискиот план во областите на јавната инфраструктура и конкурентноста на приватниот сектор.

Проектите во овој прв пакет ги покриваат приоритетните сектори на Планот:

Одржлив транспорт: изградба на главни патни и железнички врски во регионот, вклучувајќи ги Медитеранскиот коридор, коридорот Исток-Запад и Рајна-Дунав и железничкиот коридор меѓу Скопје во Северна Македонија и бугарската граница. Овие проекти ќе ја олеснат регионалната трговија, ќе го намалат времето на патување и ќе поттикнат одржлив економски раст, носејќи големи придобивки за локалното население и бизнисите во регионот.

Чиста енергија: Развој на обновливи извори на енергија со изградба на соларни централи и Трансбалкански коридор за пренос на електрична енергија, што ќе биде помогне во успешна транзиција на чиста енергија во регионот и ќе придонесе за постепено укинување на употребата на јаглен.

Животна средина и клима: Изградба на пречистителни станици кои се од суштинско значење за зелените перспективи на регионот и ќе помогнат да се зачува здравјето и благосостојбата на луѓето во Западен Балкан.

Дигитален: Развој на рурална широкопојасна инфраструктура за да се обезбеди универзален пристап низ Западен Балкан.

Човечки развој: Изградба на нова зграда на универзитетска детска болница за да се зголеми нејзиниот капацитет и да се вклучат нови дијагностички и третмански технологии.

Имплементацијата ќе започне наскоро по потпишувањето на договорите со меѓународните финансиски институции, кои се очекуваат во текот на 2022 и 2023 година.

Контекст

 Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан има за цел да го поттикне долгорочното закрепнување, да ја забрза зелената и дигиталната транзиција, како и да ја поттикне регионалната соработка и конвергенција со ЕУ. До 9 милијарди евра грантови на ЕУ од ИПА III се распределени за Планот, кој ќе мобилизира дополнителни 20 милијарди евра инвестиции.

Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) е заедничка финансиска платформа на Европската комисија, финансиските организации, земјите-членки на ЕУ и Норвешка, чија цел е да ја зајакне соработката во инвестициите во јавниот и приватниот сектор за социо-економскиот развој на регионот и да придонесе за европската интеграција на Западен Балкан. WBIF е основното финансиско средство за спроведување на амбициозниот економски и инвестициски план на ЕУ за приоритетите на политиката и инвестициските предводници на Западен Балкан.

Глобална порта е придонесот на ЕУ за намалување на глобалниот инвестициски јаз во светот за поддршка на одржливиот развој. Со оваа стратегија, ЕУ ја засилува својата понуда до своите партнери со големи инвестиции во развојот на инфраструктурата низ целиот свет. Во текот на следните седум години, ЕУ и нејзините земји-членки ќе мобилизираат до 300 милијарди евра јавни и приватни инвестиции во дигиталните, климатските и енергетските сектори, транспортот, здравството, образованието и истражувањето. Глобална порта ќе испорача одржливи и висококвалитетни проекти, земајќи ги предвид потребите на земјите партнери и обезбедувајќи трајни придобивки за локалните заедници.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЕУ НАД 3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПАКЕТ ФИНАНСИСКИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.