Европската комисија почна судска постапка против Полска, пренесуваат светските медиуми.
Како што се наведува во вестите, процесот е инициран поради тоа што Европската Унија (ЕУ) смета дека Полска ги прекршила законите на Унијата и независноста на правосудниот систем во таа земја.
Колку за потсетување, Уставниот суд на Полска прогласи дека договорите со ЕУ не се усогласени со полскиот закон, со што се поткопува приматот на закони на Унијата, наведува „Дојче веле“.