НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски земји бараат да запре руската пропаганда на Западен Балкан

0
By Нова ТВ on October 24, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осум европски држави потпишаа писмо до Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, со кое бараат да се прекине руската пропаганда, посебно на подрачјето на Западен Балкан.

Писмото, кое е испратено пред десетина дена, е потпишано од министерствата за надворешни работи на Хрватска, Чешка, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Шведска и Велика Британија, пишува весникот „Јутарњи лист“, нагласувајќи дека увид во писмото имал бриселскиот портал „ЕУобсервер“.

Овие земји бараат Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС) значајно да ги прошири активностите при сузбивање на пропагандата од Русија, посебно на подрачјето на јужна Европа и на Западен Балкан.

Се наведува дека во писмото се изнесени тврдења дека „се соочени со интензивна кампања за дезинформирање, која ја спроведува трета земја (Русија), па затоа имаат итна потреба за натамошно јакнење на капацитетите на СтратКом ЕУ“.

Хрватскиот весник потсетува дека канцеларијата на СтратКом е основана при ЕУ, со одлука поддржана од сите членки, со цел да се откријат и демантираат невистините кои за ЕУ ги шири Русија. Во писмото се бара да почнат да работат со полн капацитет и две нови филијали на ЕУ СтратКом – за Југ и за Западен Балкан. СтратКом е создаден пред две години со одлука на Европскиот совет и дејствува во рамки на ЕЕАС. Некои дипломати сметаат дека е основан пред се поради улогата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, додека Могерини ниту тогаш не покажувала некој преголем интерес за тоа.

ЕУ бара поголемо финансирање и доволно средства, за да може да се вложува во иновативни технологии.

Според наводите на бриселскиот портал, СтратКом преку Твитер и другите социјални мрежи се обидува да ги демантира руските дезинформации и да промовира позитивно следење преку ЕУ дејствување на подрачјето на поранешен Советски Сојуз. СтратКом има околу 30.000 следачи на Твитер.

За СтратКом работат само 14 чица, од кои 10 се дипломати од земјите членки на ЕУ. Во одделот за Западен Балкан работат уште двајца дипломати, а шестмина на Јужниот оддел кој главно се занимава со кампања против радикална исламизација.

европски земји Западен Балкан писмо руска пропаганда Федерика Могерини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.