Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот парламент ќе дебатира за состојбата во Појасот Газа

0
By Marija Todorovska on September 9, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 9, 2025 09:37

Европскиот парламент во рамки на овонеделната сесија во Стразбур денеска ќе дебатира и за состојбата во Појасот Газа.

Според најавите од ЕП, се очекува во дебатата да стане збор за одговорот на ЕУ за справување со лошата хуманитарната состојба во Газа, пред се со гладот, потоа да се реафирмира потребата од ослободување на сите заложници, како и да се изрази поддршка на напорите за постигнување конечен мировен договор на Блискиот Исток според моделот за постоење две држави – Израел и Палестина.

Од самата дебата треба да произлезе Резолуција за состојбата во Газа, за која европратениците ќе треба да гласаат в четврток. Она што засега останува неизвесно е дали во тој документ европратениците ќе ги оценат постапките на Израел во Газа како „геноцид“.

Пратеничката група Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) инсистира во резолуцијата на Европарламентот за Газа да се наведе дека постојат „јасни докази за геноцид“.

СД, заедно со групите на Зелените и Левицата, на почетокот на август потпишаа изјава во која го обвинија Израел за „вршење геноцид во Газа“ и повикаа лидерите на ЕУ да преземат итни мерки.

Постојат јасни докази дека во Газа се врши геноцид. Европската комисија и Европскиот совет досега не успеаја да одговорат со итноста и решителноста, кои произлегуваат од нашите договори, вредности и одговорности, беше наведено во заедничката изјава потпишана од лидерите на трите групи – Ираче Гарсија Перез од СД, Бас Ајкаут и Тери Рајнтке од Зелените и Манон Обри и Мартин Ширдеван од Левицата.

Во изјавата упатена до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, трите пратенички група наведоа осум барања, меѓу кои и итно суспендирање на трговскиот договор на ЕУ со Израел, запирање на продажбата на оружје на земјата, проширување на санкциите врз насилните еврејски доселениците на Западниот Брег и воведување целни казнени мерки против припадниците на израелските власти кои го кршат меѓународното право.

Се очекува трите групи да бараат формулацијата дека во Газа се врши „геноцид“ да биде вметната и во резолуцијата што треба да се усвои оваа недела, но засега останува неизвесно дали вметнувањето на тој термин ќе биде поддржано од останатите партии.

Претставник на најголемата пратеничка група во Европската народната партија (ЕПП), од чии редови доаѓа и Фон дер Лајен и половина од членовите на Еврокомисијата, изјави дека нема да го поддржат ваквиот предлог и дека „ќе го торпедираат целиот текст“ ако во него се појави зборот „геноцид“.

Сличен став изнесе и групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Кон крајот на август потпретседателката на Европската комисија за чиста, праведна и конкурентна транзиција Тереза Рибера, која доаѓа од редовите на СД, говорејќи за случувањата во Газа и израелските постапки го употреби зборот „геноцид“.

Геноцидот во Газа го покажува неуспехот на Европа да дејствува и да зборува со еден глас, дури и кога протестите се шират низ европските градови и 14 членки на Советот за безбедност на ОН повикуваат на итен прекин на огнот, изјави таа во обраќање пред група студенти.

Претходно, во интервју Рибера, пак, изјави дека гладувањето, раселувањето и убивањето во Газа „многу личат на геноцид“ и ја повика ЕУ да размисли за суспендирање на Договорот за асоцијација со Израел.

Сепак, минатата недела Европската комисија се огради од оценките на Рибера. Главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо на прес-конференција изјави дека не е работа на Комисијата „да суди за ова прашање и дефиниција, туку на судовите“.

– Нема одлука на Колеџот на комесари за ова конкретно прашање. Тоа е она што можам да го кажам, изјави Пињо во одговор на прашање дали кога го употребила зборот геноцид Рибера Рибера говорела во име на Европската комисија.

газа Европски парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.