Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот парламент денес бира претседател, ситуација без преседан

1
By Светлана Јовановска on January 17, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот парламент (ЕП) денес бира нов претседател, нови 14 потпретседатели и членови на 20 парламентарни комисии.

Седум кандидати се пријавија за да го заменат германскиот социјалист Мартин Шулц кој одлучи дека ќе се врати на германската политичка сцена.

Оваа ситуација е навистина невообичаена за ЕП.

Досега изборот на претседателот на ЕП беше еден вид формалност. Двете најголеми политички групи – десната Европска народна партија (ЕНП) и Партијата на европските социјалисти (ПЕС) ротираат во текот на 5 годишниот мандат на ЕП па така ЕНП го држи претседателството во текот на 2,5 години а потоа доаѓа социјалист. Изборот на среќниците кои стануваат престедатели е договорено на затворен состанок. Имаше само еден исклучок на ова правило во 2000 година кога демохристијаните направија коалиција со либералите па на чело на ЕП дојде ирскиот либерал Пат Кокс.

Но овој пат договор нема помеѓу двете најголеми политички групи. Социјалистите го прекинаа договорот откако на чело на Европската комисија (ЕК) и Советот на ЕУ дојдоа двајца демохристијани, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.

Но токму поради отсуството на договор помеѓу двете најголеми политички групи во ЕП, отсуството на упатства за гласање до пратениците и фактот според кој никој од кандидатите нема апсолутно мнозинство во својата политичка група, решавачките гласови би можеле да дојдат од редовите на екстремните партии.

Решавачките гласови би можеле да дојдат од редовите на екстремните партии.

Популистичките екстремни партии во ЕП не излегоа на овие избори со сериозен кандидат. Францускиот Национален фронт, австрискиот ФПО или италијанската Северна лига кандидираа тотално непознат пратеник – Романецот Лаурентиу Ребега. Британските евроскептици од УКИП и нивните сојузници одбија да кандидираат нивни пратеник и не им препорачаа на нивните пратеници за кого да гласаат.

Сите овие политички формации имаат 100 пратеници и голема шанса да бидат одлучувачи на денешниот избор.

Така денес седум кандидати ќе се борат за местото на Шулц а вистински шанси за победа имаат Антонио Тајани од ЕНП, Џани Питела од редовите на социјалистите и либералот Ги Верхофштад кој се надева дека ќе донесе вистинско изненадување со својата победа.

Новиот претседател ќе остане на ова место 2,5 години, до следните европски избори во 2019 година.

Гласањето почнува во 9 часот и 751 пратеник гласаат со таен билтен. За победа кандидатот мора да освои апсолутно мнозинство односно 50 отсто плус еден глас. Ако во првиот круг никој не е избран може да се организира втор па и трет круг па дури и четврти круг. Но тоа е крајно хипотетичка верзија. А ако двајца кандидати имаат ист број гласови, победува постариот по години.

Освен претседател, денес ќе се бираат и 14 потпретседатели кои по потреба можат да го заменат претседателот. Секој од нив е одговорен за една специфична област во ЕП како буџетот, пресоналот, зградите на ЕП итн.

Конечно, денес се гласа и за составот на сите 20 парламентарни комисии. Помеѓу кои е и Комисијата за надворешни работи која се занимава со Македонија.

Претседателот на ЕП претседава со сите парламентарни дебати и активности и го претставува Парламентот во странство. Без потписот на претседателот не може да стапи на сила ниту еден европски закони ниту пак буџетот на ЕУ.

Европски парламент ЕП избори претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.