Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот парламент го стега обрачот околу олигархијата на ЕУ

0
By Mirjana on February 11, 2022 ВЕСТИ
Viktor Orbán, Ursula von der Leyen, Andrej Babiš, Mateusz Morawiecki
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 11, 2022 12:14

Европската комисија мора да ја засили својата борба против „олигархиските структури“ во земјите на ЕУ, заклучија пратениците во парламентарната комисија за контрола на буџетот. Во извешатјот  кој беше предмет на комисиската расправа вчера, тие рекоа дека олигарсите и нивните мрежи се однесуваат како држави во држави.

– Олигархиските групи владеат во нивните сопствени интереси, без оглед на демократијата, нивното влијание „достигна невидена големина во изминатите неколку години“ во ЕУ, се вели во извештајот.

Потегот на Европскиот парламент да ја поттикне извршната власт на ЕУ да се справи со корупцијата во блокот доаѓа истиот ден кога трансатлантскиот парламентарен сојуз против клептократијата, вклучително и европратеници и членови на американскиот Конгрес, повикаа на санкции за корумпирани поединци во Унгарија.

Извештајот, исто така, доаѓа пред одлуката на Европскиот суд на правдата (ЕСП) следната недела, за нова алатка која ќе му овозможи на блокот да ги суспендира средствата за земјите-членки во случај на прекршување на владеењето на правото.

Таа одлука би можела да и дозволи на Комисијата да ги блокира средствата на ЕУ за Будимпешта и Варшава, стои во текстот на ЕУОбзервер.

 Бабиш, Орбан.

Во својот извештај, европратениците користеле примери, вклучувајќи го и оној на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш, кој беше прозван во Пандора Пејперс  за користење офшор финансирање за стекнување недвижен имот во Франција.

Ревизијата на ЕУ, исто така, откри дека Бабиш неправилно го контролирал неговиот конгломерат за храна и земјоделство, кој добивал субвенции од ЕУ, иако тој негираше.

Европратениците ги именуваа Бугарија, Чешката Република, Унгарија, Словачка и Романија како држави каде што нееднаквото исплатување на земјоделските фондови на ЕУ беше „многу проблематично“.

Резолуцијата за борба против олигарсите ќе биде изгласана на собраниската пленарна седница на крајот на март.

Во сличен развој на настаните, европратениците и членовите на американскиот Конгрес во Интергрупата за борба против корупцијата меѓу двајцата законодавци во четвртокот повикаа на санкции од ЕУ и САД против поединци во Унгарија.

„Клептократите не ги крадат само парите на даночните обврзници“, изјавија во заедничката изјава германскиот европратеник од Зелените Даниел Фројнд и американскиот претставник Том Малиновски. „Тие исто така систематски ја загрозуваат иднината на нашите демократии. Даниел Хегедус, соработник во германскиот Маршалов фонд во Берлин, изјави за EUobserver дека извештајот на парламентарната комисија за буџет е дополнителен знак дека парламентот е водечка институција во ЕУ во обидот да се справи со корупцијата.

Но, „парламентот сам по себе не може да го трансформира политичкиот пејзаж во ЕУ“, предупреди Хегедус. Парламентот, исто така, се закани дека ќе ја изведе комисијата пред суд затоа што не постапила против Полска и Унгарија поради прашањата поврзани со загриженоста за владеење на правото и корупцијата.

ЕП КОН КРАЈ НА МАРТ КОНТРА ОЛИГАРХИЈАТА ВО ЕУ резолуција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.