Три меча суспензија доби Садио Мане за црвениот картон во дербито против Манчестер сити. Ова е казната што Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја одреди за напаѓачот на Ливерпул по невнимателниот старт со копачка во лицето на Едерсон.
Тимот од „Енфилд“ веднаш вложи жалба на одлуката што, пак, ФА експресно ја одби, па менаџерот Јирген Клоп ќе мора без Сенегалецот против Барнли и против Лестер во Премиерлигата и во еден натпревар во англискиот Куп.
Едерсон, според информациите од таборот на „граѓаните“, го одработи денешниот тренинг и најверојатно ќе биде прва опција за тренерот Пеп Гвардиола во мечот со Феенорд во Лигата на шампиони.