Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Некои од фактите за случајот „Мазут“: ТЕЦ Неготино и ЕСМ оствариле милионски профити, притисокот од власта е нескриен

0
By Xhabir Deralla on May 30, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 30, 2026 10:16

Премиерот Христијан Мицкоски, од собраниската говорница во одговор на пратеничко прашање, порача дека случајот „Мазут“ се следи, но последниот збор секако ќе го има Обвинителството.

Притоа, Мицкоски рече дека нема да коментира за случајот, за да не се сфати тоа како влијание во постапката и нагласи дека се остава на Обвинителството и судовите комплетно да се разреши случајот.

Случајот го анализираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во гостување во емисијата „Трилинг“. Тој кажа дека случајот е нејасен, а се поставува и прашањето за дефиницијата за „перење на пари“. Понатаму, според проф. Калајџиев, нејасно е во што се состои штетата, а нејасна е и самата кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи.

Според професорот, тврдењата одат во крајности, а обвинувањата за перење на пари се сосема произволни.

„Предметот е со очигледни политички импликации, при што притисокот и влијанието од власта се отворени и нескриени. Обвинетите се товарат за наводна злоупотреба на процедурите за јавни набавки во услови на енергетска криза. За волја на вистината, и покрај секојдневното експонирање на случајот, воопшто не е јасно во што се состои криминалот и која е вистинската штета од истиот. Посебно е контроверзно што тврдењата се сосема различни и одат во крајности, од немање штета до милионски суми. Јавното обвинителство, инаку, веќе некое време оди по некоја чудна логика што кај јавните набавки како штета ја зема целокупната сума на јавната набавка (бизнисот), а не вистинската штета. На ова се додава и обвинение за перење пари, кое е сосема нејасно и произволно што во практиката создава нови контроверзии околу тоа што е воопшто перење на пари“, објасни Калајџиев.

Професорот се прашува дали воопшто компанијата ЕСМ, која не пријавила штета, може да се жали до Вишото јавно обвинителство за одлуката на Основното јавно обвинителство.

„Инаку прашањето на штетата и оштетеното побарување на ЕСМ се доста контроверзно прашање. Имено, наспроти тврдењето на МВР во кривичната пријава, дека ЕСМ претрпела загуба во износ од 167.000.000 евра, претставниците на оваа компанија сослушани во постапката пред јавниот обвинител во рамки на истражната постапка изјавиле дека штета нема!

Овие околности се битни и за тоа дали компанијата воопшто може да се жали до повисокиот јавен обвинител, под услови дека штета не е пријавена. Со тоа, правно гледано, компанијата го губи правото што го имала како потенцијален оштетен. Според нашиот правниот систем, постапката за штета што се води заедно со кривичната постапка, се води по правилата на граѓанската постапка според која, ако оштетениот се откаже од правото на имотно правно побарување, таа постапка се запира.

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција во март 2025 година, по предистражна постапка иницирана од Антикорупциската комисија, започна истрага против 13 физички лица и едно правно лице поврзани со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино.

Наспроти кривичната пријава на МВР, од каде наведуваат дека е предизвикана милионска штета, според официјалните извештаи на ЕСМ за периодот од 2021 до 2023 година (кој е под истрага) и во екот на енергетската криза, ТЕЦ „Неготино“ беше реактивирана по повеќегодишна пауза и оствари милионски профит. Во 2022 година, државната централа оствари историски рекорден профит (добивка) од приближно 2,25 милијарди денари или околу 36,5 милиони евра. Овој резултат се должеше на зголеменото производство на струја за потребите на регулираниот пазар.

Анализи на професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), со цените на берзите на електричната енергија во периодот кој е опфатен со истрагата, покажува дека, доколку се правел увоз на електрична енергија, тоа би чинело околу 880 милиони евра, наспроти набавката на мазутот која чини 167 милиони евра.

Финансиските извештаи, ревизорските наоди и деловните резултати на матичната компанија можат да се следат и проверат на официјалната веб-страница на Електрани на Северна Македонија, додека историските податоци од тргувањето се достапни на порталот на Македонска Берза.

 

мазут случај фактите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.