Имплементацијата на новиот онлајн систем за претходно одобрување на влез во ЕУ очигледно е одложена до следната година, откако хаотичното воведување на посебен електронски систем за гранични проверки го попречи патувањето во Унијата, пишува „Фајненшл тајмс“.
Преку Европскиот систем за информации и авторизација на патувања (ETIAS), патниците на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ, вклучувајќи ги и граѓаните на Велика Британија и САД, ќе треба да се регистрираат. ETIAS е моделиран според американскиот ESTA систем. Кандидатите ќе платат такса од 20 евра и ќе поминат низ безбедносни проверки пред да патуваат.
Имплементацијата на новиот онлајн систем за претходно одобрување на влез во ЕУ очигледно е одложена до следната година, откако хаотичното воведување на посебен електронски систем за гранични проверки го попречи патувањето во Унијата, стои во„Фајненшл тајмс“.
EU-Lisa, агенцијата задолжена за имплементација на системот ETIAS, призна дека неговото лансирање до крајот на оваа година, како што е планирано, повеќе не е изводливо, според три лица запознаени со ова прашање.




