Американската администрација за храна и лекови ја дозволи  вакцината Covid-19 на Новавакс за итна употреба кај возрасни. Тоа е четврта вакцина против коронавирус достапна во Соединетите држави и користи различен тип на технологија за вакцини од веќе достапните вакцини.

Вакцината на Новавакс ќе биде достапна како примарна серија со две дози за луѓе од 18 години и постари. Независниот советодавен комитет за вакцини и сродни биолошки производи на FDA гласаше за одобрување на вакцината на 7 јуни, со став  дека придобивките од вакцината ги надминуваат нејзините ризици за возрасните.