Швајцарскиот тенисер Роже Федерер го победи денеска во финалето на Австралија опен Хрватот Марин Чилиќ со 3:2 во сетови и дојде до рекордната 20. гренд слем титула во кариерата.

Првиот сет му припадна на Швајцарецот со 6:2, а по неизвесниот тај брејк во вториот сет Чилиќ славеше со 7:6. Третиот сет го доби Федерер со 6:3, а Чилиќ изедначи во четвриот сет со 6:3. Одлучувачкиот петти сет Федерер го доби со 6:1.

Ова за Федерер е шеста титула во Мелбурн, додека Чилиќ не успеа да дојде до својот втор голем трофеј и да му се освети на противникот за поразот во финалето минатата година во Вимблдон.

Федерер сега по бројот на освоени титули во Мелбурн се изедначи со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.