Роџер Федерер прифати опуштено, неформално дружење со новинарите по 18 гренслем титула во кариерата што викендот ја освои во Мелбурн по победата во финалето против Рафаел Надал. Новиот освојувач на Австралија опен со интересни одговори на дел од прашањата. Еден од нив беше и оној за „кој е најдобриот тенисер на сите времмиња?“

„Најголема на сите времмиња е мојата сопруга Мирка. Таа беше крај мене и кога немав ниту една титула и сега е крај мене по 89 освоени трофеи. Таа има големи заслуги за сите мои победи“, рече Швајцарецот и додаде:

„Таа е мајка број еден и сопруга број еден. Дури потоа таа е мој најголем навивач“.

Мирка, до неодамна, се прашуваше кому Федерер ќе даде интервју. Таквата пракса, сепак, се смени од скоро време.

„Премногу пати мораше да каже: „Роџер не може сега да дава интервју бидејќи е премногу уморен“. Затоа не беше омилена меѓу новинарите. Се договоривме да се дистанцира од тој домен. Сега е само моја сопруга. Та е личноста која секогаш ми ја кажува вистината и се останато. Затоа и нѝ е толку добро заедно“, истакна Федерер.