Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Федерер по поразот од Димитров на Ју-Ес опен: Не помислив да се предадам

0
By Нова ТВ on September 4, 2019 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 4, 2019 13:17

Големата тениска тројка се раситни во Њујорк. Во четврт-финалето остана само Рафаел Надал и, според многумина, има отворен пат до 19. гренслем трофеј во кариерата. По повлекувањето на Новак Ѓоковиќ во осминафиналето, во топ 8 фаза е елиминиран и Роџер Федерер. Бугаринот Григор Димитров го доби Швајцарецот во маратонскиот меч во пет сета со 3:6, 6:4, 3:6, 6:4, 6:2 за судир со Русинот Данил Медведев.

Швајцарецот изрази разочарување по поразот. Влијание, можеби, имаа болките во грбот и вратот, но не сакаше премногу да зборува за тоа бидејќи, како што кажа, не сака да го „украде“ моментот на Димитров. Двапати водеше во сетови, бугарскиот тенисер двапати се враќаше, а пред решавачкиот сет Федерер побара медицински тајм аут по кој го извлече максимумот, но недоволно за триумф.

„Ми беше потребен третман на горниот дел на грбот и на вратот. Малку да се опуштам и да видам дали ќе биде подобро. Но, ова е момент на Димитров, ајде да не зборуваме за моето тело“, истакна Федерер.

Дел од неговите одговори на прес-конференција се протолкувани и како провокација за Новак Ѓоковиќ. Болките на Федерер добиле на интензитет попладнето пред мечот, но без оглед на нив, решил да излезе на терен и да игра.

„Попладнето пред мечот почувствував дека болките се зголемуваат меѓутоа проценив дека можам да играм. Не беше лошо да помислам да се предадам или нешто слично. Григор ме надигра додека јас се борев со она што го имам. Тоа е. Можев да играм, но моја грешка е што не победив. Тој играше добро од основната линија, менуваше удари и не дозволи да фатам ритам“, додаде Федерер.

Но, истакна дека не размислува ниту за пензија ниту за крај на сезоната. Ќе земе мал одмор, а потоа планира настапи на „Лејвер Куп“, во Шангај, во Базел, можеби Париз и на крај Лондон. „Засега таков е распоредот“, заклучи сопственикот на 20 гренслем титули во кариерата.

Резултати од четврт-финалните дуели на Ју-Ес опен

Мажи

Димитров (Бугарија) – Федерер (3., Швајцарија) 3:6, 6:4, 3:6, 6:4, 6:2

Медведев (5., Русија) – Вавринка (23., Швајцарија) 7:6, 6:3, 3:6, 6:1

Жени

Свитолина (5., Украина) – Конта (16., В. Британија) 6:4, 6:4

С. Вилијамс (8., САД) – Ванг (18., Кина) 6:1, 6:0

Ју-Ес опен Роџер Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.