Роџер Федерер ќе настапи за Швајцарија на олимпискиот тениски турнир на Игрите во Токио, соопшти денеска Швајцарскиот олимписки комитет.
Освојувачот на 20 грен-слем турнири денеска во осминафиналето на Вимблдон за противник го има Италијанецот Лоренцо Сонего.
Федерер е единствениот машки член на швајцарската тениска репрезентација. Од тенисерките, Швајцарија во Токио ќе ја претставуваат Белинда Бенчиќ и Викторија Голубовиќ, кои ќе настапат во поединечна конкуренција и во двојки.
Олимпискиот тенисот турнир во Токио ќе се одржи од 24 јули до 1 август.