Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фејсбук и Твитер во борба против лажните вести од Велес

1
By Светлана Јовановска on November 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лажните вести на социјалните мрежи имале големо влијание во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД а овие лажни вести, објавени и од велешките тинејџери, биле споделувани и по 250.000 пати.

Влијанието било толку големо што Фејсбук и Твитер почнуваат сериозно да размислуваат на оваа тема и бараат начин да ги сопрат лажните информации кои се множат на нивните мрежи.

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, се обидува да го минимизира влијанието на оваа мрежа во победата на Трамп. Но, според сајтот Buzzfeed, некои од неговите соработници имаат спротивен став па така одлучиле да формираат неформална група за да ги проучат можните одговори на овој феномен. Феномен во кој улога игра и Македонија.

Според сајтот, многумина од вработените во Фејсбук се незадоволни од официјалниот став на нивниот шеф Цукерберг а ги имало повеќе стотини. Некои од нив анонимно сведочеле зa Buzzfeed и потврдиле дека се состанале два пати и направиле список на препораки за да се спречи ширењето на лажни вести на Фејсбук.

И Твитер има проблеми. Мрежата избриша повеќе профили на лица од американската ултра-десница која себе си се нарекува “alt-right” што значи “алтернативна десница”. Истовремено Твитер активираше нова функција наречена “Mute Words” (Маскирање на зборови). Таа овозможува да се маскираат известувањата за некои клучни зборови и е начин да се спречи ширење на расистички и навредливи пораки на некои од корисниците на Твитер.

Функцијата “Mute Words”  на Твитер овозможува да се маскираат известувањата за некои клучни зборови за да се спречи ширење на расистички и навредливи пораки на некои од корисниците на оваа мрежа.

На ова алтернативната десница почна да го обвинува Твитер за цензура и “се пресели” на алтернативната социјална мрежа ГАБ креирана од Ендрју Торба во август годинава. На оваа мрежа се дозволени пораки од 300 знаци што значи двојно повеќе отколку на Твитер.

Според истражувањето на Buzzfeed, за време на американската кампања, трите најзначајни профили на американската ултра-десница на Фејсбук објавиле 38 отсто лажни информации. Додека радикалната левица објавила 20 отсто лажни вести.

А една студија на Универзитетот на Јужна Каролина тврди дека петина од пораките на Твитер поврзани со изборната кампања во САД се постирани од страна на роботи.

На сцена стапија и сајтовите од Македонија како што НОВА веќе објави овде и овде.

Некои од овие лажни информации биле споделувани и по 250.000 пати а помеѓу “споделувачите” се наоѓа и Ерик Трамп, синот на новиот претседател.

Новинарите Крег Силверман и Лорен Александер избројаа над 100 про-Трамп сајта во Велес а Гардијан тврдеше дека ги имало над 150. Но, македонската игра не беше политичка туку комерцијална бидејќи секој клик на овие сајтови генерираше приход преку спонзорирани линкови. Според овие новинари, секое кликнување на овие сајтови на еден американски корисник носело четири пати повеќе пари отколку кликот на корисник од друг дел на светот.

Тинејџерите кои ги воделе овие сајтови брзо сфатиле дека само објавувањето на сензационални и најчесто лажни вести ги привлекува корисници на Фејсбук а некои од нив заработиле и по 5.000 долари месечно, велат Силверман и Александер.

Според белгискиот дневник Либр Белжик, некои од овие лажни информации биле споделувани и од 250.000 пати а помеѓу “споделувачите” се наоѓа и Ерик Трамп, синот на новиот претседател.

Доналд Трамп лажни вести роботи Твитер Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.