Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фелисити“ и „Без љубов“ денес на програмата на „Браќа Манаки“

0
By Нова ТВ on September 26, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во својот четврти ден помина во знакот на големите кинематограферски имиња. Мастер класа со Кристијан Бергер во соработка со „Првите филмови на прво место“, филмска проекција за најмладите, како и голем избор на филмови за љубителите на европското кино и документарните филмови.

Уметничката директорка на фестивалот Гена Теодосиевска, денеска го претстави и годинешното жири кое ќе ги оценува кинематограферите на филмовите од главната компетиција за „Златна камера 300“.

Претседател на жирито е Пол Рене Ростад од Норвешка, а останатите членови се Лука Коасин од Италија, Јани Петери Паси од Финска, македонскиот режисер Даријан Пејовски и  Ерол Зубчевиќ од Босна и Херцеговина.

Претседателот на жирито Пол Рене Ростад истакна дека не е лесна работа да се оценат толку добри кинематографери, бидејќи според него тоа е како да бираш помеѓу ремек дела на Ван Гог или Рембрант.

„Најпрво го оценуваме фрејмот, потоа употребата на светлото и се разбира креативноста на кинематограферот“, рече Пол Рене, додавајќи дека е среќен и почестен што се наоѓа на фестивалот во Битола, кој според него е најшармантниот филмски фестивал кој го посетил.

 

Филмот „Жаба“, кој синоќа беше прикажан како дел од официјалната компетиција наиде на одличен прием и воодушевување кај македонската публика.

Приказната за справувањето со поствоената траума на главниот лик, работена по сценарио на Пјер Залица и Елмир Јукиќ, доживеа огромен успех и во својата филмувана верзија, како и претходно – како театарска претстава. На „Жаба“ работеше и македонски тим, како дел од сложената копродукција помеѓу Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија.

 

Легендарниот француски мајстор на кинематографијата, Пјер Лом, добитник на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело на 38. ИФФК „Браќа Манаки“, синоќа во малата сала на Центарот за култура во Битола зборуваше за својата филмска работа. Разговорот со Лом го водеше англискиот филмолог Најџел Волтерс.

„Да се биде кинематографер е сериозна работа и не е шега, бидејќи луѓето што се вклучени во снимањето филмови го вложуваат целиот свој живот, а тука мислам не само на кинематограферите, туку и на режисерите, актерите, монтажерите, продуцентите, и сите тие не се филм-мејкери, туку се синема-мејкери“, порача тој.

Лом објасни дека ако сакате да се занимавате со правење филмови мора да го познавате најважниот дел, а тоа е камерата.

Иако на почетокот многу се интересирал за музиката, особено за џезот, сфатил дека нема таков талент и ентузијастички се посветил на филмската камера, на почетокот снимајќи документарни филмови низ Париз, за во денешно време, да стане еден од најзначајните кинематографери во филмската историја.

Од главната компетиција за „Златна камера 300“ денес ќе се прикажат филмовите „Фелисити“ и „Без љубов“. Во програмата европски перспективи ќе се прикаже филмот „Викторија“, а во документарната програма филмот „Операција свадба“.

Од програмата Земја во фокус, љубителите на филм ќе можат да го погледнат австрискиот филм  „Илјадачасовна ноќ“ и данскиот „Да ја скратиме приказната“.

Браќа Манаки фестивал филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.