Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава од BB на BB+

0
By Нова ТВ on June 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кредитната агенција „Фич“ го зголеми рејтингот на земјава од BB на BB+ што е прво зголемување по 13 години. Тоа, според министерот за финансии Драган Тевдовски, е најдобра потврда за исправноста на политиките што ги презема Владата и оти економијата се движи во вистинска насока.

„Кредитниот рејтинг на една земја е еден од најважните индикатори за потенцијалните инвеститори кога ги носат своите одлуки за инвестирање. Зголемен кредитент рејтинг значи и позитивно влијание на нивните одлуки. Минатата година поради добрата насока во која се движи земјава прво меѓународните финансиски инвеститори многу подобро нè евалуираа пред се преку каматната стапка која ја добивме за еврообврзницата, а потоа и преку приносите на еврообврзниците кои котираат на меѓународниот пазар. Сега ова е уште еден чекор во позитивна насока, бидејќи и рејтинг агенција се одлучи да го зголеми нашиот кредитен рејтинг“, рече Тевдовски на денешната прес-конференција во Министерството за финансии, посочувајќи дека последен пат во земјава кредитниот рејтинг е зголемен во 2006 година.

Тој нагласи дека зголемувањето на кредитниот рејтинг ќе има позитивно влијание на инвеститорите поради што може да очекуваме повеќе инвестиции од нивна страна, но ќе има влијание и да се зголеми извозот, да се отвораат работни места, да растат платите, да расте економскиот стандард на граѓаните и да има повисок економски раст, како и на намалувањето на трошоците за долгот на државата, бидејќи, како што рече, во иднина може да се очекуваат заштеди во каматите.

„Во извештајот на „Фич“ се истакнува дека се направени позитивни чекори во поглед на евроатлантските интеграции на земјава и се дава признание за добро поставената фискална политика. Јасно се потенцира дека реформите кои се направени во фискалниот дел ги намалуваат надолните ризици во системот за јавните финансии, особено се потенцирани буџетската транспарентност и воведувањето на фискалното правило за општините“, рече Тевдовски.

Советникот на министерот Тевдовски, Рилинд Кабаши, посочи дека „Фич“ нотира оти подобрената политичка ситуација и напредокот на реформите се основа за економското закрепнување на земјава.

„Проекциите за економскиот раст се многу слични на оние на Министерството за финансии и се забележува дека основата на растот е широка. Покрај солидната лична потрошувачка тука се и закрепнувањето на домашните инвестиции, се коментира и пазарот на труд, падот на невработеноста, итн. Во делот на фискалната политика „Фич“ очекува буџетски дефицит кој е речиси ист со оној на Министерството за финансии за оваа и за наредната година. Проекциите за државниот долг се во линија што укажува дека Министерството за финансии и Владата ја базираат својата политика на реалистични проекции“, рече Кабаши.

Додаде дека „Фич“ нотира оти рејтингот е поддржан од историјатот на кохерентна макроекономска и финансиска политика и дека имаме подобри индикатори на владеење и човечки развој, подобри услови за водење бизнис од споредливата група на слични земји.

Министерот за финансии нагласи дека земјава годинава не планира да издаде нова еврообврзница и додаде дека транспарентно ќе известат кога ќе имаат одлука за ребаланс. Најави дека во текот на следната недела ќе ги соопштат деталите за проектот за новата реформа за поврат на дел од ДДВ за граѓаните.

Прашан дали очекува да го зафати „метлата“, Тевдовски рече дека е целосно посветен на реформите и оти негова задача е да ги помести напред работите.

-Тоа го правиме. Добивањето на потврда од респектабилна меѓународна институција кажува дека во фискалниот сектор одиме со големи чекори напред. Од друга страна имам целосна поддршка за премиерот и неговите одлуки, бидејќи тој направи за многу кратко време земјава да оди во вистинска насока и да се отворат перспективите за евроатлантски интеграции кои се огромна поддршка за нас кои работиме во сферата на економијата или јавните финансии“, рече Тевдовски.

агенција Драган Тевдовски кредитен рејтинг Финансии Фич
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.