Македонија го забележа најголемиот скок на најновата ранг листа на ФИФА. Националниот фудбалски тим напредуваше за 33 позиции и од 166. се искачи на 133. во светот што се должи на победите со 3:0 против Луксембург во квалификациите за СП 2018 и во пријателскиот дуел со Белорусија во Скопје.
Промени овојпат има и на врвот. Бразил, по пауза од седум години, се враќа на лидерската позиција по одличните настапи во мундијалските квалификации и обезбедениот пласман во Русија. Аргентина падна на второто место како последица на поразот од Боливија што ~ одзема голем број бодови. До десеттото место следуваат Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.
Италија е единствениот ривал на Македонија во групата за СП 2018 со подобрување на рејтингот од последното рангирање („фуријата“ остана на десеттото место од минатиот месец). „Азурите“ напредуваа за три места и стигнаа до 12., Израел се спушти за седум позиции (63.), Албанија за 12 (66.), а Луксембург за 11 (146.).