Една од најголемите платформи за тргување со криптовалути FTX, прогласи банкрот во САД, а нејзиниот извршен директор и основач, Сем Бенкман-Фрид поднесе оставка, објави денеска компанијата.

Банкротот следува откако конкурентската платформа Binance се повлече од преземањето на проблематичниот FTX.

Како што објави SEEbiz, групацијата FTX објави дека поднела барање за стечај и почнала „уреден процес на ревизија и ликвидација во корист на сите глобални повереници“.

Барањето е поднесено според поглавјето 11, што е американски механизам кој дозволува компанијата да ги реструктуира своите долгови под судски надзор, а притоа продолжува да работи.

Банкмен-Фрид веќе е заменет на чело на компанијата од Џон Џеј Реј.

Во изјавата, тој порача дека стечајната постапка според поглавјето 11 ќе и овозможи на групацијата да ја процени својата позиција.