Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче бара оставка од министерот Клековски

0
By Zoran Ivanov on July 23, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 23, 2026 13:50

Министерот за здравство и сите надлежни институции мора да понесат политичка и кривична одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, бидејќи со своето непостапување го доведоа во ризик здравјето на граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Загадувањето на водата започнало уште на крајот на јуни. И никој не реагирал. Никој ништо не кажал. Ги оставиле луѓето во Гостивар да пијат загадена вода. Институциите со недели молчеле. Не само што молчеле, туку ја прогласиле водата за питка, дека можела да се пие. Кои се овие луѓе што ја водат државата? Знаат ли што прават, обвини Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека контролата на институциите не функционирала и дека Основното јавно обвинителство мора да отвори постапка по допрен глас.

Ова покажува дека контролните механизми во државата, во овој конкретен случај во рамките на здравствениот систем, едноставно не функционираат. Здравјето на граѓаните е доведено во прашање. Граѓаните мора едноставно да го знаат тоа. Како ќе се заштити населението со тоа што обвинителството не го кажува овој факт, рече Филипче.

Филипче потенцираше на фактот дека додека обвинителството и институциите молчеле, епидемијата се прошири во Гостивар, а резулат на тоа е- отруени 3000 илјади луѓе.

Додека од обвинителството тактизирале, а сите здравствени институции и авторитети молчеле, епидемијата се ширела во Гостивар. Како резултат на овој пристап се отруја 3.000 луѓе во Гостивар. Сите коишто учествувале во прикривање на овие информации мора да сносат и политичка и кривична одговорност, министерот за здравство, директорката на Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство и обвинителството. Бараме политичка одговорност и оставки од овие луѓе, затоа што си поиграа и си поигруваат со здравјето на граѓаните и со уставно загарантираното право на граѓаните на здравје, апелираше претседателот на СДСМ.

Филипче посочи дека случајот со Гостивар не е изолиран инцидент, туку најдраматичен доказ за нефункционирањето на системот и за тоа колку институциите се оштетени и лошо менаџирани од власт предводена од Мицкоски и ВМРО.

 

клековски оставка Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.