Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче до членовите на СДСМ: Вие сте темелот на ова движење, заедно ќе се бориме за нашиот дом

0
By Zoran Ivanov on September 28, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 28, 2025 17:37

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници рече дека во време кога е лесно да се каже „сите се исти“, откажувањето од одговорност значи препуштање на домот на самоволието, повикувајќи граѓаните да ги држат кандидатите и своите претставници одговорни, да ги проверуваат и да ги мерат според тоа кому служат, на партијата или на човекот.

До верните гласачи на СДСМ, вие сте темелот на ова движење, нашата меморија и наша совест. Кога било најтешко, вие ја држевте линијата на демократијата и знаевте дека СДСМ е секогаш правилната опција која е на страна на граѓаните и јавниот интерес“, рече лидерот, додавајќи дека токму нивната енергија, борба и верба се клучни за успехот на кампањата, за пренесување на искрената порака од маало до маало и од семејство до семејство, како и за враќање на гордоста што произлегува од работа, пристојност и чесност, за да се покаже дека левицата значи солидарност, патриотизмот е грижа за човекот покрај нас, а државноста е дисциплина и ред.

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче се обрати и до оние кои се разочарале, но сè уште веруваат дека социјалдемократијата е правилниот избор и единствена опција државата да оди напред.

Да се биде социјалдемократ не значи да се биде совршен, туку да се има храброст да се исправат сопствените грешки. Признаваме дека не секогаш бевме она што граѓаните очекуваа, но без силен СДСМ единствената надеж Македонија да биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива напред, пропаѓа. Борбата е за вредности, за нашите идеали и за тоа партијата да им служи на граѓаните“, заклучи Филипче.

 

Иднина конвенција СДСМ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.