Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче до Мицкоски: Народот е на раб на егзистенција – намерно го блопкиравте европскиот пат

0
By Zoran Ivanov on July 30, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 30, 2026 14:29

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања нагласи дека народот овие две години, со ВМРО-ОКГ на власт, е на раб на егзистенција, сè е поскапено, а платите се најниски во Европа. Филипче посочи дека, во услови на секојдневни ценовни шокови, власта не презема никакви мерки, ниту, пак, има најави дека ќе преземе нешто за заштита на стандардот на граѓаните.

Нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите. Сè порасна, сите цени се зголемија, освен платите. Тие стагнираат. Се зголеми цената на парното, повторно се зголемија горивата, повторно нема мерки за помош на одредени категории граѓани, поскапе данокот на имот, сè е поскапено, но платите стагнираат. Луѓето се на работ на егзистенцијата, рече Филипче.

Тој додаде дека сите лаги на Мицкоски и ВМРО за наводниот економски напредок пропаднаа, а реалноста што ја живеат македонските граѓани ја потврди и Евростат.

Паѓаат во вода приказните за стандардот. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на егзистенцијата. И сега Евростат го потврди тоа. Последни сме во Европа по стандардот и по примањата, најниски, на дното. Не само што сме на дното, нема изгледни политики, ниту најави што тоа ќе го коригираат, рече Филипче.

Четири години не труевте, правевте поделби, обвинувавте, ги делевте луѓето на патриоти, на предавници, велевте дека протоколите се дел од преговарачката рамка, дека ние не преговараме со Европа, сме преговарале со Бугарија, и загрозен е јазикот, идентитетот и така натаму. Сега самите се демантирате, за пред некој ден да признаете, и вие и министерот за надворешни работи, дека сето тоа што сте го зборувале не било вистина“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче го праша премиерот Мицкоски како ќе ја објасни својата политика пред европските партнери и граѓаните, откако, е нарушен кредибилитетот на државата.

Па зар сега не се потврдуваат нашите тези и тоа што ние го зборуваме? Дека намерно не сакате во Европа? Дека намерно го блокиравте европскиот пат? Како сега ќе им објасните на луѓето во Европа, кои знаат дека не ја кажувате вистината, кај кои го срушивте кредибилитетот на државата, дека вие ова не го правите намерно. Нема повеќе оправдување. Намерно е блокиран патот, четири години, од кои две вие сте на власт сега, рече Филипче.

Водата е загадена во пола држава: во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите? Водата беше загадена во болницата во Лешок, внимавајте, резултат од примерок земен од чешма во болница каде што лечат и се лекуваат пациенти. Нема одговор за тоа какви се резултатите сега. Зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар? Зошто имате контрадикторни изјави, вие едно, министерот за здравство друго, дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата?, рече Филипче.

Тој додаде дека наместо транспарентност и одговорност, граѓаните се сведоци на институционален хаос, не знаат кому да му веруваат, оставени се сами да проценуваат дали водата е безбедна, што е недозволиво кога станува збор за јавното здравје.

Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат. Не одговоривте на тоа што се случи со Лепенец и сливот во Вардар. Бела пена која ја замати водата на местото каде што се наоѓаат бунарите кои го дополнуваат изворот од Рашче. Значи, загадена вода на местото каде што има бунари кои го дополнуваат изворот, од кој што пие вода цело Скопје, и нема никаква информација, рече Филипче.

Притоа, Флипче укажа дека Владата покажа целосна неспособност во справувањето со кризата, дозволувајќи за стручни прашања поврзани со безбедноста на водата да зборуваат луѓе без соодветна експертиза.

Го пуштате министерот за внатрешни работи да зборува за чистење на водата, хлорирање, хиперхлорирање – човекот нема капацитет, не знае за тоа, не му е тоа сфера на експертиза. Внимавајте, хиперхлорирање на водата носи зголемен ризик од малигни болести. Не си играјте играчки. Дајте некој кој што знае и кој што ја разбира работата, и кој има експертиза да се занимава со тоа. Потребно е прво да се отстранат органските соединенија, а потоа да се прави хлорирање на водата, рече Филипче.

„Никој не ви се плаши„, смешни сте, му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста за состојбите во државата.

Филипче рече дека наместо одговори за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, Мицкоски се се заканува.

Се заканувате тука со одговорност, со затвори, со решетки. Верувајте, никој не ви се плаши. Ама никој не ви се плаши. Смешни сте. Ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо. Не ви доликува на функцијата што ја извршувате, порача Филипче.

Тој посочи дека власта нема одговор на критиките за состојбата со корупцијата и влијанието врз независноста на судството.

Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче ја критикуваше и одлуката на власта за предлог-закон со кој, планира трошење 20 милиони евра со заобиколување на системските закони за јавни набавки.

Па добро, што е целта? Што е целта, што сакате да постигнете? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето. Кој премиере е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи, рече Филипче.

Паѓаат во вода приказните за стандардот. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на егзистенцијата. И сега Евростат го потврди тоа. Последни сме во Европа по стандардот и по примањата, најниски, на дното. Не само што сме на дното, нема изгледни политики, најави кои тоа ќе го коригираат, рече Филипче.

Тој нагласи дека додека Владата се фали со непостоечки економски успеси, реалноста е дека граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања, без никакво зголемување на платите и без мерки што би им помогнале да го издржат товарот на кризата.

Нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите. Сè порасна, сите цени се зголемија, освен платите. Тие стагнираат. Се зголеми парното, се зголемија повторно горивата, повторно нема мерки за помош на одредени категории на граѓани, поскапе данокот на имот, сè е поскапе, но платите стагнираат. Луѓето се на работ на егзистенцијата“, истакна Филипче.

Во своето обраќање Филипче посочи дека граѓаните веќе јасно знаат кој е одговорен за економската криза, за здравтсвената криза, за корупцијата, за блокираниот европски пат и директно го праша премиерот дали ќе ја преземе одговорноста.

Моето прашање е следно: Кој е премиере крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи. Но сакам тоа да го слушнам од вас. Кој е премиере крив за сите овие работи во државата? , праша Филипче.

Водата е загадена во пола држава: во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите?, обвини Филипче.

Филипче посочи и на фактот за загадената вода и во болницата во Лешок и побара од Владата целосна транспарентност за состојбата.

Водата беше загадена во болницата во Лешок, резултат од примерок земен од чешма во болница каде што се лекуваат пациенти. Нема одговор за тоа какви се резултатите сега. Зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар? Зошто имате контрадикторни изјави, вие едно, министерот за здравство друго, дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата? Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат., рече Филипче.

Филипче побара одговори и за случајот со белата пена во реката Лепенец и сливот на Вардар, во близина на бунарите кои го дополнуваат изворот Рашче.

Не одговоривте на тоа што се случи со ’Лепенец‘ и сливот во Вардар, имено бела пена која ја замати водата на местото каде што се наоѓаат бунарите кои го дополнуваат изворот од Рашче. Значи, загадена вода на местото каде што има бунари кои го дополнуваат изворот, од кој пие вода цело Скопје, и нема никаква информација. Го пуштате министерот за внатрешни работи да зборува за чистење на водата, хлорирање, хиперхлорирање; човекот нема капацитет, не знае за тоа, не му е тоа сфера на експертиза. Внимавајте, хиперхлорирањето на водата носи зголемен ризик од малигни болести. Не си играјте играчки. Дајте некој којзнае и кој ја разбира работата, и кој има експертиза да се занимава со тоа. Потребно е прво да се отстранат органските соединенија, а потоа да се прави хлорирање на водата, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Секојдневно, сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои што владеете.

Не помага ниту силниот ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ова вие не можете да го сокриете.

Неколку работи.

Водата е загадена во пола држава: во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања.

Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите?

Водата беше загадена во болницата во Лешок, внимавајте, резултат од примерок земен од чешма во болница каде што лечат и се лекуваат пациенти.

Нема одговор за тоа какви се резултатите сега. Зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар? Зошто имате контрадикторни изјави, вие едно, министерот за здравство друго, дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата?

Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат. Не одговоривте на тоа што се случи со Лепенец и сливот во Вардар. Имено бела пена која ја замати водата на местото каде што се наоѓаат бунарите кои го дополнуваат изворот од Рашче.

Значи, загадена вода на местото каде што има бунари кои го дополнуваат изворот, од кој што пие вода цело Скопје, и нема никаква информација.

Го пуштате министерот за внатрешни работи да зборува за чистење на водата, хлорирање, хиперхлорирање – човекот нема капацитет, не знае за тоа, не му е тоа сфера на експертиза.

Внимавајте, хиперхлорирање на водата носи зголемен ризик од малигни болести. Не си играјте играчки. Дајте некој кој што знае и кој што ја разбира работата, и кој има експертиза да се занимава со тоа.

Потребно е прво да се отстранат органските соединенија, а потоа да се прави хлорирање на водата.

Паѓаат во вода приказните за стандардот. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат.

Тие живеат на работ на егзистенцијата. И сега Евростат го потврди тоа. Последни сме во Европа по стандардот и по примањата, најниски, на дното. Не само што сме на дното, нема изгледни политики, најави кои тоа ќе го коригираат.

Нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите. Сè порасна, сите цени се зголемија, освен платите. Тие стагнираат.

Се зголеми парното, се зголемија повторно горивата, повторно нема мерки за помош на одредени категории на граѓани, поскапе данокот на имот, сè е поскапе, но платите стагнираат.

Луѓето се на работ на егзистенцијата.

Во однос на коруптивните практики, последниот извештај на Европскиот Парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство.

И вие немате никаква реакција на тоа. Напротив, продолжувате со партизација на судовите. На оваа перцепција, не кај нас, туку во Европа, кај високи европски функционери, влијае и вашиот однос. Се заканувате тука од говорница со затвори, со решетки. Верувајте, никој не ви се плаши.

Ама никој не ви се плаши. Смешни сте. Ви се смеат луѓето. Ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо. Не ви доликува на функцијата што ја извршувате.

И во целиот тој контекст, и во целата таа ситуација, вчера предлагате закон со кој сакате да потрошите 20 милиони евра, заобиколувајќи ги сите системски закони во државава за јавни набавки.

Па добро, што е целта? Што е целта, што сакате да постигнете? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која што се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето.

Излезе во јавноста, не од кај нас, повторно, од Европа, од Унгарија, дека ќе се испитува унгарскиот заем. Ве предупредувавме -з ошто земате 1 милијарда евра сомнителни пари?

Излезе дека луѓето сметаат дека имаат кинеско потекло. Загрозен ли е нашиот стратешки правец на движење, на задолжување, на концепцијата на задолжување во земјава со тој кредит? И не ставивте на мапата на срамот на Европа, дека сега има сомнеж дека нашата власт ја ставила државата во некаква сомнителна зделка.

И на крајот, за лагите. Самите се демантирате. Четири години не труевте, правевте поделби, обвинувавте, ги делевте луѓето на патриоти, на предавници, велевте дека протоколите се дел од преговарачката рамка, дека ние не преговараме со Европа, сме преговарале со Бугарија, и загрозен е јазикот, идентитетот и така натаму.

За да пред некој ден да признаете, и вие и министерот за надворешни работи, дека сето тоа што сте го зборувале не било вистина. Па зарем сега не се потврдуваат нашите тези и тоа што ние го зборуваме?

Дека намерно не сакате во Европа? Дека намерно го блокиравте европскиот пат?

Како сега ќе им објасните на луѓето во Европа, кои што знаат дека не ја кажувате вистината, кај кои што го срушивте кредибилитетот на државата, дека вие ова не го правите намерно?

Нема повеќе оправдување. Намерно е блокиран патот, четири години, од кои две вие сте на власт сега, актуелно.

Моето прашање е следно: Кој е премиере крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи. Но сакам тоа да го слушнам од вас. Кој е премиере крив за сите овие работи во државата?

Сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои владеете. Не помага ниту „силниот“ ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ова вие не можете да го сокриете, истакна Филипче.

Тој посочи дека Владата нема одговор за серијата случаи со загадена вода низ државата и дека граѓаните остануваат без информации за ризиците по нивното здравје, додека никој не презима одговорност за труењето на граѓаните.

Водата е загадена во пола држава: Во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите?, праша Филипче.

Претседателот Филипче побара Владата веднаш да ги објави резултатите од анализите за водата во Гостивар и да стави крај на контрадикторните информации што ги пласираат институциите.

Зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар? Зошто имате контрадикторни изјави, вие едно, министерот за здравство друго, дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата? Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат, рече Филипче.

Во однос на случајот со Лепенец и водоснабдувањето на Скопје, тој предупреди дека јавноста и понатаму не добива одговори иако станува збор за место каде во блоизина има бунари кои дополнуваат изворот на вода од која пие цело Скопје.

Загадена вода на местото каде што има бунари кои го дополнуваат изворот, од кој пие вода цело Скопје, и нема никаква информација, нагласи Филипче.

Осврнувајќи се на животниот стандард, претседателот на СДСМ истакна дека реалноста целосно ги демантира владините тврдења.

Паѓаат во вода приказните за „стандардот“. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на егзистенцијата. И сега „Евростат“ го потврди тоа: последни сме во Европа по стандардот и по примањата, најниски, на дното, рече Филипче.

Тој додаде дека додека цените растат, платите остануваат замрзнати.

Нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите. Сè порасна, сите цени се зголемија, освен платите. Тие стагнираат… Луѓето се на работ на егзистенцијата, рече Филипче.

Во делот за корупцијата, Филипче потсети на последните оценки од Европскиот парламент за состојбата во државата.

Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство. И вие немате никаква реакција на тоа. Напротив, продолжувате со партизација на судовите, потенцираше претседателот на СДСМ.

Филипче ја критикуваше и намерата на Владата да донесе закон со кој, како што рече, ќе се заобиколат системските правила за јавни набавки.

Вчера предлагате закон со кој сакате да потрошите 20 милиони евра, заобиколувајќи ги сите системски закони во државава за јавни набавки. Па добро, што е целта? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето, нагласи Филипче.

Во однос на европската интеграција, тој оцени дека Владата самата ги демантирала наративите што ги пласирала со години.

Самите се демантирате … За пред некој ден да признаете, и вие и министерот за надворешни работи, дека сето тоа што сте го зборувале не било вистина. Па зар сега не се потврдуваат нашите тези и тоа што ние го зборуваме? Дека намерно не сакате во Европа? Дека намерно го блокиравте европскиот пат?, рече Филипче.

На крајот, претседателот на СДСМ му постави директно прашање на премиерот за политичката одговорност.

Моето прашање е следно: кој премиер е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи. Но сакам тоа да го слушнам од вас. Кој премиер е крив за сите овие работи во државата?, порача Филипче.

Македонија ги загуби средствата од ИПА фондовите на Европската Унија наменети за изградбата на железничката пруга кон Бугарија.

Наместо европски грант од милиони евра, сега остануваат само кредитите што ќе ги враќаат граѓаните.

Ова е уште еден дебакл на Владата на Христијан Мицкоски.

Губиме милиони евра, европски пари поради тоа што владата на Мицкоски не ги испочитувала роковите, ИПА средствата повеќе не се достапни.

Наместо да ја реализира инвестицијата со европска поддршка, Владата сега ги менува законите за да го избрише фактот дека проектот требало да се финансира и со средства од Европската Унија.

ИПА средствата не носат само финансиска поддршка. Тие носат европски правила, транспарентност, строга контрола и надзор врз трошењето на јавните средства а тоа им смета на Мицкоски и неговата криминална организација затоа што не можат да ги крадат.

Додека Македонија губи европски грантови, Владата се задолжува со нови 2,5 милијарди евра.

Со Мицкоски и ВМРО-ОКГ– наместо европски пари, граѓаните ќе плаќаат скапи кредити, наместо развој и економски напредок, добиваат нови долгови и економија која е пред колапс.

Ова е цената што ќе ја плаќаат македонските граѓаните поради неспособноста на Владата на Мицкоски, криминалните политики и изолацијата на земјата.

Евростат објави поразителни бројки, го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа.

Евростат ја покажа суровата реалност за економската мизерија во која живеат македонските граѓани после две години Влада на Мицкоски и ВМРО.

Зад Македонија нема друга земја, пред нас се Босна и Херцеговина, Турција, Црна Гора, Србија….

Додека Мицкоски зборува за „трета економија во Европа“, „поголем раст од ЕУ“, и за „економско чудо“, Евростат ја покажува реалноста:

Каква трета економија, какво економско чудо, Македонија е на дното.

Евростат ја објави реалноста дека македонските граѓаните живеат полошо од сите граѓани во Европа.

Тоа е економското чудо на Мицкоски – во факти. А тоа најдобро го знаат граѓаните на Македонија.

Со Мицкоски сме заглавени на дното, конбстатира претседателот на СДФСМ на денешната собраниска седница обраќаќји му се на премиерот.

 

 

до Мицкоски Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.