Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови – тоа не е црна кампања    

0
By Zoran Ivanov on October 16, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 16, 2025 19:47

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека партијата чиј лидер е води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои, како што рече, до денес не се реализирани.

Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто дури мислам дека имаме и обврска пред граѓаните, да ги соочиме со тоа што ВМРО-ДПМНЕ правеше во пресрет на минатогодишните избори, а што од сето тоа што тогаш се зборуваше, имаат исполнето. Понатаму, што советуваа од страна на актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ пред 4 години и што од тоа е исполнето. Тоа е наша обврска. И како што сами гледате во сите тие промотивни спотови, ние ништо не зборуваме, тие зборуваат. Тоа се нивни ветувања во коишто близу 100 проценти не се исполнети. Извинете, но тоа е наша обврска да ги информираме за тоа граѓаните. Тоа воопшто не е црна кампања, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ, исто така, истакна дека СДСМ немало скриени намери во кампањата, туку напротив имале должност да ја кажат вистината пред граѓаните.

Разбирливо е дека кога владата нема со што да се пофали, нема ниту еден сериозен проект, нема ниту една категорија на граѓани коишто се задоволни и коишто видоа бенефит од ова работење на владата изминативе година ипол  ниту пензионерите, ниту работниците, ниту докторите, ниту наставниците, ниту земјоделците се што има останува е да се занимаваат со опозицијата, рече Филипче во гостувањето на Сител телевизија.

Тој верува дека е препознаен позитивниот и искрен пристап и квалитет на кандидатите за градоначалници и советници на СДСМ низ општините по што верува дека на 19 октомври граѓаните ќе го направат вистинскиот избор кој ќе донесе напредок во државата.

Мислам дека направивме една прилична, чесна, искрена кампања, собравме огромен број на граѓани. Верувам дека ќе го препознаат нашиот позитивен, искрен пристап, дека ќе ги препознаат квалитетите на нашите кандидати и за градоначалници, и за советници. Па, еве, најдобрата анкета ќе биде во недела на 19 октомври, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ ги повика граѓаните да излезат на гласање и да одлучат како ќе се развиваат нивните општини, притоа напоменувајќи дека граѓаните веќе почувствуваа што значи лош избор спомнувајќи ја градоначалничката на Скопје, но и останатите градоначалници на ДПМНЕ кои реализираа само 30 проценти од ветената програма.

Мислам дека е многу важно да излезат на гласање. Мислам дека тоа е единствениот начин да влијаат на тоа како ќе се развиваат нивните средини за живеење. Видовме како се живее во Скопје, благодарение на борбата, лошиот избор на ВМРО-ДПМНЕ, нивните непринципиелни коалиции и откако се скараа со градоначалничката градот е целосно блокиран. Тука мислам дека огромен грев имаат кон Скопје, да ништо не е мрднато напред, а и во другите градови, кај што програмата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не е реализирана ни повеќе од 30%, наспроти нашите градоначалници кои ќе имаат близу 100% реализирана програма. Така дека граѓаните да излезат на гласање, тоа е нивна одговорност, ние сите бираме во какви средини, во каква држава ќе живееме, потенцираше Филипче во Сител.

 

встината Сител Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.