Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Имавме одличен степен на имунизација, но сега не е така

0
By Нова ТВ on April 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 21, 2018 15:30

Постои голем ризик дел од болестите кои се години наназад се искоренети, да се вратат назад, односно да ги донесат патници од земјите каде што тие се присутни и да се заразат невакцираните деца.

Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче на музичкиот хепенинг кај Школка во парк по повод Светската недела на имунизација.

Филипче посочи дека со години нашата земја имала одличен степен на имунизација, но за жал сега не е така.

– Ќе промовираме кампањи да ја подигнеме свеста и на населението и на здравствените работници, за бенефитите од вакцинацијата, да воведеме нови вакцинации во календарот, а календарот да го осовремениме со заменување на старите со нови вакцини. Антивакциналните кампањи се докажаа дека не се вистинити. Имаме обврска да се вакцинираме самите и да ги вакцинираме нашите деца, истакна Филипче.

Во однос на епидемијата на морбили во Србија, министерот за здравство рече дека кај нас нема регистриран поголем број на случаи, но оти Министерството будно ја следи ситуацијата. Во фаза на формирање е и координативно тело за вакцинација коешто ќе ги следи состојбите и ќе работи на осовременување на календарот и на контролата на вакцинација за имунизација.

Во врска со трансплантацијата на органи во приватните болници, министерот рече дека се прави модел на јавно приватно партнерство и оти за време на процесот на трасплантација којшто ќе биде контролиран од Министерството за здравство, заедно ќе работат тимови од доктори од клиниките од државното здравство и странски лекари.

– Сакаме да ги искористиме капацитетите и инфраструктурите на приватните болници, нашите лекари да работат заедно со странски стручњаци кои ќе ја преземат експертизата, а во исто време станува збор за пациенти кои сега се упатуваат во странство и со тоа сакаме да го намалиме трошокот за лекување во странство, истакна Филипче.

Министерот најави дека во мај очекува да дојде претседателот на Меѓународната организација за трансплантација на органи, кој ќе ги пренесе искуствата како Македонија да биде дел од европската трансплантација.

вакцинација Венко Филипче кампањи трансплантација на органи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.