Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Испишана првата пациентка, се тестираат седум нови лица на Ковид-19

0
By Нова ТВ on March 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моментот се тестираат седум нови лица на коронавирусот, останатите 18 пациенти немаат промена на состојбата од вчера, а првата заразена пациентка кај која беше дијагностицирана болеста ќе биде пуштена на домашно лекување, истакна министерот за здравство, Венко Филипче на пладнената прес-конференција од Владата.

„Тројца од лицата со симптоми на грип доаѓат од Дебар, двајца преку Центарот за јавно здравје од Штип и уште двајца со анамнеза дека изминатиот период патувале во Австрија, односно, Германија се наоѓаат на Инфективната клиника во Скопје. Нивните резултатите ќе бидат познати во текот на денот. Непроменета е состојбата а сите други 18 пациенти, 13. на Инфективната клиника во Скопје и сосема добра на пациентите на домашно лекување во Дебар, како и на пациентката која е на респираторна машина и стабилна е. Денеска е испишана првата пациентка во сосема добра клиничка состојба, контролата на белите дробови покажа дека нема големи последици и може да се упати на домашно лекување. Тестирани се сите кои биле во контакт со неа и немаат никакви симптоми и тие се практично здрави“, истакна Филипче.

Министерот рече дека е во постојан контакт со професорот од Инфективната клиника кој во болницата во Дебар за координација на локалните епидемиолози и притоа најави една форма на тестирања на повеќе луѓе како скрининг, согласно светските искуства од некои земји, па дури и на луѓе за кои не е сигурно дека биле во контакт со заболени.

„Очекуваме во текот на денот или утре да пристигнат меѓу 40 и 80 лица со цел детално да се скенира тој регион“, рече Филипче и додаде дека координацијата на лекарските служби е добра и нема никаков проблем во тамошната болница.

Претпладнево за првпат се состана и Кризниот штаб на ниво на Владата на кој претставници на секој од ресорите ја кажа состојбата и објасни како се спроведуваат мерките на терен.

„Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа се спроведува добро. Сите органи и тела функционираат добро и координирано. Нема некој проблем, луѓето се мирни, комплетно сфаќаат што се случува и се придржуваат до мерките. Немало никакво нарушување на јавниот ред и мир и луѓето во тој регион покажуваат исклучително висок степен на дисциплина и придржување до мерките“, потенцира министерот за здравство.

Тој повтори дека излез од територијата на двете општини е дозволен само за луѓето на кои е индицирано болничко лекување и тоа со специјална дозвола од болницата во Дебар. За 19 часот информира дека ќе има седница на Владата на која ќе се дискутира за повеќе мерки, а попладнево (16 ч.) е закажан и Советот за национална безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Клиниката за психијатрија, посочи Филипче, започнува со телефонско-психолошка поддршка на граѓани и ранливи групи за што дополнително ќе бидат објавени и броевите за контакт и тоа за психолошка поддршка на родители на деца од предучилишна и училишна возраст, психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација и психолошка поддршка на граѓаните на Дебар и Центар Жупа.

Филипче истакна и дел од заклучоците на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести и најави ослободување од работа на еден родител на децата со цистична фиброза што се наметна како прашање во изминатите денови. Подготвен е списокот на лекари, анестзиолози и медицински сестри кои ќе ротираат во институциите во кои ќе биде потребно. За тоа, како што истакна министерот, на располагање се 440 медицински сестри и 200 анестезиолози од целата држава, а откажана е хроничната програма во сите хируршки одделенија.

Венко Филипче Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.