Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Лажниот патриотизам е разобличен, на власт се предавници

0
By Zoran Ivanov on April 24, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 24, 2026 19:10

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека „лажниот патриотизам“ на власта предводена од Христијан Мицкоски е целосно разобличен и дека зад реториката се кријат спротивни постапки на предавници на националите и државни интереси.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски ретерираше од најавениот закон од неговите пратеници за тоа пратениците да немаат двојни државјанства. И уште една нивна лага е разобличена. Зошто? Поради тоа што министри и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници, функционери, директори на јавни претпријатија имаат бугарски пасоши. Толку од нивниот патриотизам, истакна Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ со конкретни предлози ја разоткрил, вистинската намера на власта.

Вистината е дека ги пресретнавме и разобличивме уште една нивна лага, уште еден нивен лажен патриотизам. Кога дадовме амандмани и најавивме дека тој предлог-закон ќе важи и за актуелниот пратенички состав, а не како што тие сакаа за од следните состави, и кога го поднесовме и нашиот предлог-закон членовите на Владата да немаат двојни државјанства – тие постепено ретерираат. Лажниот патриотизам повеќе не функционира. Станува збор за предавници на националните интереси, на интересите на земјата и на интересите на граѓаните. Граѓаните и државата тоа не го заслужуваат, порача Филипче.

Во своето обраќање, Филипче беше дециден дека политиките на власта не се во интерес на граѓаните.

„Лажниот патриотизам сè повеќе се разобличува и секој ден сè повеќе излегува на виделина. Толку од лажните патриоти. Толку од лажниот патриот Мицкоски, којшто ќе го враќаше името, ќе го поништуваше Преспанскиот договор, ќе го поништуваше договорот за добрососедство со Бугарија, потенцираше тој.

Филипче оцени дека суштината на владеењето е спротивна на декларативните заложби.

Што е суштината на нивното владеење? Тие се една организирана криминална група, заедно со нивниот привезок ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ ги предадоа националните интереси и довербата на гласачите, а ЗНАМ освен што ја изневери довербата на гласачите, ја оштети и својата матична партија. Од такви предавници не може да се очекува да водат држава како што треба, а најмалку што може да се очекува да се патриоти“, нагласи Филипче.

 

ДПМНЕ Лажен патриотизам прес Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.