Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

0
By Zoran Ivanov on April 4, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2026 16:00

Го слушнавме денеска премиерот Христијан Мицкоски, како доаѓа на нашето, тоа што го зборуваме повеќе недели, и од оваа партиска говорница, и насекаде по нашите канали за комуникација. Еве сега, допрва ќе ги разгледувале, дел од мерките кои што ги предлагавме во изминатиот период да се олесни економската и финансиската состојба на граѓаните, рече денеска на прес конференција Претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Повторно, само дел од мерките, допрва ќе ги разгледувале на владина седница. Нема храброст премиерот да признае дека мерките се добри и требаше уште тогаш, кога ги предлагавме, да се имплементираат, поради тоа што тогаш тие мерки ќе дадеа вистински ефект, односно немаше да започне спиралата на покачување на сите цени како резултат на растот на горивата.

Се поставува прашањето зошто сега и кој досега ја плати разликата во цените. Се знае, разликата во цените ја платија граѓаните. Милиони евра отидоа и кај компаниите, кои што имаа профит изминатиот период.

Како што укажувавме изминатите недели што треба да се направи, гледаме сега дека делумно премиерот допрва ќе разгледувал, сега сакаме да укажеме и на неколку други работи што сметам дека се важни. Правевме анализа со нашиот тим на економисти.

Аналитичкиот тим исто така извади неколку податоци. Сакам да ги споделам со граѓаните, со вас и со целокупната јавност.

Имено, цените на двата главни типа на нафта, според кои се одредува цената во светот, Brent Crude и WTI, од 27 февруари до денес драстично се пораснати, од 50,72, односно 63,67%.

Понатаму, во истиот период, цената на дизелот кај нас порасна за 34,5% или од 71 до 95,5 денари. Предупредувавме, ќе повторам, од самиот почеток дека растот на цените ќе повлече раст на сè друго во државата. Од транспорт, бизнисот на компаниите, најмногу тоа што граѓаните веќе го чувствуваат, растот на основните прехранбени продукти. Тие беа и така високи, сега се дополнително се вивнаа нагоре, и со тоа, кај нас храната.

Пред кризата, белиот сечкан леб од 500 грама беше 34, сега 47,5 денари во некои маркети. Зејтинот од 77,5 на 110 денари. Јајцата од 220 на 290 денари, брашното од 40 на 52,5 денари, млекото со 3,2% масленост од 67,5 на 82,5 денари. Драстичен раст на цените има на зеленчукот и овошјето. Доматите од 130 на 235 денари, домашните јаболка од 45 на 70 денари.

Ова е доказ дека граѓаните се оставени сами да се справуваат. Дека ниту премиерот, ниту било кој во владата има желба, а јас сум сигурен дека нема ни капацитет да им помогнат на граѓаните, да конструираат мерки, да ги имплементираат за да се ублажат овие ценовни шокови.

Има зголемување, внимавајте, на минималната плата од 1.667 денари. Ништо со ова не се постигнува. Скоро 68.000 денари е потрошувачката кошничка. Ако имаме предвид дека претходно порасна цената на струјата,
понатаму на парното, со ова зголемување ништо не се постигнува, граѓаните не можат да го почувствуваат.

Сега ни она минимална плата која што ќе ни ја предлагаат, а која власта ја одби од 600 евра, нема да им помогне на граѓаните. Меѓутоа, дополнително, и тоа што е загрижувачко, меѓународни организации и меѓународни експерти укажуваат дека кризата ќе трае.

Повторувам, кризата ќе трае, допрва доаѓаат лошите ефекти од кризата, експертите предупредуваат и утре да заврши војната, кризата нема да заврши. При тоа, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, ФАО, излезе со податоци за растот на цените на храната втор месец по ред. И тоа во сите категории.

Ако имаме предвид дека поради проблемот со транспорт преку Ормутскиот теснец и транспортот е загрозен на ѓубривата вештачки за за земјоделството, тоа значи дека во следниот период, тоа е дополнителен фактор, а сега е период на сеидба, кој што ќе влијае на зголемување на цените на храната.

Притоа, индексот на цените на житарките се зголемил за 1,5%, во споредба со февруари, односно 110,4 поени, на растителни масла за 5,1%, најголем раст има кај шеќерот, чии цени се зголемени за 7,2%. Пораст на индексот на цени ФАО регистрира и кај месото и кај млечните производи.

Ама нашата влада седи и чека, Мицкоски се фали дека странски граѓани точеле гориво кај нас, во ситуација кога Комесарот за енергетика на Европската Унија, Ден Јургенсен, најавува продолжен енергетски шок и можен недостаток на количини на горива насекаде во Европа.

Значи не само високи цени, туку недостаток на количини на горива. Оттука апелирам на две работи. Апелирам владата да се свести, премиерот да почне да живее во реалноста тука кај нас, да престане вака дилетантски да ја води владата, да барем малку се замисли, помисли како живеат граѓаните и да ги прифати нашите предлог-мерки, пакет на мерки, сега, иако е касно, колку толку ќе имаат некој ефект.

Да ги прифатеше пред неколку недели, немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, ниту пак други продукти и други сегменти ќе беа во ризик да поскапат цените, како што е тоа случај сега. Освен ДДВ-то за храна, за горива, акцизите за горива треба и преполовување на цените на патарините. И второ, владата сериозно да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта.

Да не се соочиме во следните месеци, имајќи ги предвид укажувањата на светските експерти во оваа област, со недостаток на горива. Гледаме дека во Европската Унија се препорачуваат мерки за намалено користење на возилата, за работа од дома, така што апелирам владата сериозно да си ја фати работата, освен тендерите партиски што си ги делат, зашто видовме се експерти, нека се посветат малку и на тоа што има вистинска работа. Знам дека е тешко, не е едноставно, мислат дека треба да се грижат само за себе и тука се маестрални, но граѓаните имаат реални, вистински потреби.

Владата призна дека СДСМ бил во право со мерките, но предоцна реагира

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира. Филипче посочи дека доколку се прифатеа мерките на СДСМ навреме немаше да има вакво големо поскапување на цените на горивата и на храната.

„Се поставува прашањето зошто сега, и кој досега ја плати разликата во цените. Се знае, разликата во цените ја платија граѓаните. Милиони евра отидоа и кај компаниите, кои што имаа профит изминатиот период. Како што укажувавме изминатите недели што треба да се направи, гледаме сега дека делумно премиерот допрва ќе разгледувал“, рече Филипче.

Притоа тој додаде дека ионака високите цени на храната, сега поради поскапувањето на горивата, цените се уште повеќе зголемени, а граѓаните се оставени сами да се справуваат со кризата.

„Пред кризата, белиот леб од 500 грама беше 34, сега 47,5 денари во некои маркети. Зејтинот од 77,5 на 110 денари. Јајцата од 220 на 290 денари, брашното од 40 на 52,5 денари, млекото со 3,2% масленост од 67,5 на 82,5 денари. Драстичен раст на цените има на зеленчукот и овошјето. Доматите од 130 на 235 денари, домашните јаболка од 45 на 70 денари. Ова е доказ дека граѓаните се оставени сами да се справуваат“, рече Филипче.

На прес-конференцијата Филипче нагласи дека ниту премиерот, ниту било кој во владата има желба и капацитет да им помогнат на граѓаните, да конструираат мерки, да ги имплементираат за да се ублажат овие ценовни шокови.

„Има зголемување на минималната плата од 1.667 денари. Ништо со ова не се постигнува. Скоро 68.000 денари е потрошувачката кошничка. Ако имаме предвид дека претходно порасна цената на струјата, понатаму на парното, со ова зголемување ништо не се постигнува, граѓаните не можат да го почувствуваат. Сега ни онаа минимална плата која што ние ја предлагавме, а која власта ја одби од 600 евра, нема да им помогне на граѓаните“, рече Филипче.

Нема храброст кај Мицкоски да признае дека погрешил

Христијан Мицкоски нема храброст да признае дека погрешил, дека мерките кои ги предложивме се добри и дека требаше да се имплементираат веднаш, за да не се создаде спиралата на покачување на цените како резултат на растот на горивата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Филипче укажа дека само дел од мерките допрва ќе ги разгледуваат на владина седница, иако со недели беше укажувано на потребата од навремено делување.

„Повторно го слушнавме денеска премиерот како доаѓа на нашето, тоа што го зборуваме повеќе недели, и од оваа партиска говорница, и насекаде по нашите канали за комуникација. Еве сега, допрва ќе ги разгледувале, дел од мерките коишто ги предлагавме во изминатиот период да се олесни економската и финансиската состојба на граѓаните“, истакна Филипче.

Филипче нагласи дека Владата доцни со реакцијата и разгледува само дел од предложените мерки.

„Како што укажувавме изминатите недели што треба да се направи, гледаме сега дека делумно премиерот допрва ќе разгледувал. Да ги прифатеше пред неколку недели, немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, ниту пак други продукти и други сегменти ќе беа во ризик да поскапат цените, како што е тоа случај сега‘.“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Мицкоски дилетантски ја води владата – граѓаните се оставени сами

Апелирам владата да се свести, премиерот Мицкоски да почне да живее во реалноста тука кај нас, да престане вака дилетантски да ја води владата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека граѓаните очекуваат помош, и потребен е сет мерки за да можат да се справат со оваа криза и ценовни шокови.

„Апелирам владата да се свести, премиерот да почне да живее во реалноста тука кај нас, да престане вака дилетантски да ја води владата, да барем малку се замисли, помисли како живеат граѓаните и да ги прифати нашите предлог-мерки, пакет на мерки, сега, иако е касно, колку толку ќе имаат некој ефект. Да ги прифатеше пред неколку недели, немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, ниту пак други продукти и други сегменти ќе беа во ризик да поскапат цените, како што е тоа случај сега“, рече Филипче.

Притоа тој додаде дека меѓународните организации веќе регистрираат раст на цените на храната во сите категории, што ќе се прелее и во Македонија.

„Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, ФАО, излезе со податоци за раст на цените на храната втор месец по ред. Ако имаме предвид дека поради проблемот со транспорт преку Ормутскиот теснец и транспортот е загрозен на вештачките ѓубрива за земјоделството, тоа значи дека во следниот период, тоа е дополнителен фактор, а сега е период на сеидба, кој што ќе влијае на зголемување на цените на храната. Индексот на цените на житарките се зголемил за 1,5%, во споредба со февруари,на растителни масла за 5,1%, најголем раст има кај шеќерот, чии цени се зголемени за 7,2%. Пораст на индексот на цени ФАО регистрира и кај месото и кај млечните производи“, рече Филипче.

Воедно, Филипче укажа дека Европската Унија најаваува продолжен енергетски шок и можен недостиг на горива, а нашата влада се фали дека странски граѓани точат гориво во Македонија.

„Нашата влада седи и чека, Мицкоски се фали дека странски граѓани точеле гориво кај нас, во ситуација кога Комесарот за енергетика на Европската Унија, Ден Јургенсен, најавува продолжен енергетски шок и можен недостаток на количини на горива насекаде во Европа. Значи не само високи цени, туку недостаток на количини на горива“, рече Филипче.

Владата да престане со криминалните тендери и да почне да работи за граѓаните

Владата да престане со криминалните тендери и да почне да работи за граѓаните, апелираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

„Гледаме дека во Европската Унија се препорачуваат мерки за намалено користење на возилата, за работа од дома, така што апелирам владата сериозно да си ја фати работата, освен тендерите партиски што си ги делат, зашто видовме се експерти, нека се посветат малку и на тоа што има вистинска работа. Знам дека е тешко, не е едноставно, мислат дека треба да се грижат само за себе и тука се маестрални, но граѓаните имаат реални, вистински потреби,“ нагласи Филипче.

Претседателот на СДСМ, ја обвини власта дека ги остави граѓаните сами да се справуваат со економските проблеми, без желба и капацитет да им помогне.

„Ниту премиерот, ниту кој било во владата има желба, а јас сум сигурен дека нема ни капацитет да им помогнат на граѓаните, да конструираат мерки, да ги имплементираат за да се ублажат овие ценовни шокови. Повторувам, кризата ќе трае, допрва доаѓаат лошите ефекти од кризата, експертите предупредуваат и утре да заврши војната, кризата нема да заврши,“ рече Филипче.

Тој предупреди дека ситуацијата е уште посериозна со недостигот на горива, што ќе доведе до уште поголеми проблеми.

„Значи не само високи цени, туку недостаток на количини на горива. Оттука апелирам на две работи. Апелирам владата да се свести, премиерот да почне да живее во реалноста тука кај нас, да престане вака дилетантски да ја води владата, да барем малку се замисли, помисли како живеат граѓаните и да ги прифати нашите предлог-мерки, пакет на мерки, сега, иако е доцна, колку толку ќе имаат некој ефект. И второ, владата сериозно да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта,“ потенцираше Филипче.

Кошничката е 68.000 денари, ниту 600 евра плата не би ја ублажила кризата

Граѓаните се оставени сами да се справуваат со кризата, ниту премиерот, ниту било кој во владата има желба и капацитет да им помогнат, нагласи на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека со потрошувачка кошничка која достигна скоро 68.000 денари сега и 600 евра минимална плата не е доволно за заштита на стандардот на граѓаните.

„Има зголемување, на минималната плата од 1.667 денари. Ништо со ова не се постигнува. Скоро 68.000 денари е потрошувачката кошничка. Ако имаме предвид дека претходно порасна цената на струјата, понатаму на парното, со ова зголемување ништо не се постигнува, сега ни она минимална плата која што ние ја предлагавме, а која власта ја одби од 600 евра, нема да им помогне на граѓаните“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче презентираше дел од движењата на цените пред кризата и сега, кои покажуваат драстичен раст.

„Пред кризата, белиот сечкан леб од 500 грама беше 34, сега 47,5 денари во некои маркети. Зејтинот од 77,5 на 110 денари. Јајцата од 220 на 290 денари, брашното од 40 на 52,5 денари, млекото со 3,2% масленост од 67,5 на 82,5 денари. Драстичен раст на цените има на зеленчукот и овошјето. Доматите од 130 на 235 денари, домашните јаболка од 45 на 70 денари. Ова е доказ дека граѓаните се оставени сами да се справуваат“, рече Филипче.

Тој додаде дека доколку владата ги прифатеше предлог- мерките на СДСМ навреме, немаше да дојде до вакво поскапување на горивата и на храната.

„Да ги прифатеше пред неколку недели, немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, ниту пак други продукти и други сегменти ќе беа во ризик да поскапат цените, како што е тоа случај сега. Освен ДДВ-то за храна, за горива, акцизите за горива треба и преполовување на цените на патарините“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека владата дополнително треба да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта.

„Да не се соочиме во следните месеци, имајќи ги предвид укажувањата на светските експерти во оваа област, со недостаток на горива. Гледаме дека во Европската Унија се препорачуваат мерки за намалено користење на возилата, за работа од дома, така што апелирам владата сериозно да си ја фати работата, освен тендерите партиски што си ги делат, зашто видовме дека се експерти, нека се посветат малку и на тоа што има вистинска работа. Знам дека е тешко, не е едноставно, мислат дека треба да се грижат само за себе и тука се маестрални, но граѓаните имаат реални, вистински потреби“, рече Филипче.

Итно зголемување на државните резерви на нафта

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара итно зголемување на државните резерви на нафта, како клучен чекор за заштита на граѓаните од ценовни шокови.

„Значи не само високи цените на светските берзи, туку и недостаток на количини на горива. Оттука апелирам на две работи. Апелирам владата да се свести, премиерот да почне да живее во реалноста тука кај нас, да престане вака дилетантски да ја води владата, да барем малку се замисли, помисли како живеат граѓаните и да ги прифати нашите предлог-мерки, пакет на мерки, сега, иако е касно, колку толку ќе имаат некој ефект. Да ги прифатеше пред неколку недели, немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, ниту пак други продукти и други сегменти ќе беа во ризик да поскапат цените, како што е тоа случај сега. Освен ДДВ-то за храна, за горива, акцизите за горива треба и преполовување на цените на патарините. И второ, владата сериозно да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта“ рече Филипче.

Претседателот Филипче додаде дека цените на горивата, како што се двата главни типа на нафта – Brent Crude и WTI, во периодот од 27 февруари до денес, пораснале драстично. Цените се пораснати за 50,72%, односно 63,67%“ и ова е директна причина за растот на цените на дизелот, кој кај нас пораснал за 34,5%, од 71 до 95,5 денари.

„Предупредувавме, ќе повторам, од самиот почеток дека растот на цените ќе повлече раст на сè друго во државата. Од транспорт, бизнисот на компаниите, најмногу тоа што граѓаните веќе го чувствуваат, растот на основните прехранбени продукти. Тие беа и така високи, сега се дополнително се вивнаа нагоре, и со тоа, кај нас храната“, рече тој.

Претседателот на СДСМ ја обвини Владата дека не се справува со ситуацијата на време додека дилетантски да ја води државата, истакна Филипче на денешната прес копнференција.

Ако СДСМ е мртва партија, зошто 90% од црната кампања е против мене и партијата?

„Ја напаѓаат партијата и се занимаваат само со СДСМ, а кажуваат дека е мртва партија. Па како е мртва партија, зошто деведесет проценти од црната кампања, од провладините медиуми, е против нас? Зошто е против мене лично? Дискредитации, навреди, несоодветни зборови и така натаму. И јас ќе ви кажам што е причината. Не само што не е мртва партијата, туку главната причина е што на анкетата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја преплати 400 илјади евра на една агенција провладина, разликата помеѓу нас и нив, а таа анкета не ја покажуваат, за разлика од периодот после изборите 2024 до изборите 2025 кога разликата беше 1:3 сега е падната на 1:2,5 и тие се во паника. Затоа што ова е најлошата влада која што некоја водела држава, особено сега во криза. Втората причина е што секојдневно објавуваме скандали, коруптивни постапки, коруптивни тендери кои што се диригирани од врвот на ВМРО-ДПМНЕ и водат кон фирми блиски на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ова е најкорумпираната влада која што оваа држава некогаш ја имала. Тоа се причините зошто се занимаваат и прават со црна камапња, со мене, со СДСМ и така натаму“, потенцираше на крајот Филипче на одговорајќи новинарскои прашање.

 

прес Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.