Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси

0
By Zoran Ivanov on March 30, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 30, 2026 12:43

Почитувани граѓани на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, сите!

Го слушнавте сите Христијан Мицкоски. Подготвен бил да чека со децении за влез на Македонија во ЕУ. Да потроши децении од вашите животи, од животите на вашите деца, внуци, на идните македонски генерации.

После ова признание на Мицкоски, веќе на сите им е јасно што се случува во Македонија. Со Мицкоски и неговата организирана криминална група нема членство во Европската Унија. Значи, децении загарантирана сиромаштија, загубени генерации поради засилено иселување на младите, карта во еден правец за македонската младост. Значи децении криминал и корупција без никаква контрола. Значи тонење во калта на Мицкоски и неговата криминална банда.

Христијан Мицкоски со часовници од 60.000 евра, со бизнис мрежа во тендерска групација посакува децениска изолација. Бизнисменот Мицкоски може да чека. Ама напатениот народ и работниците кои едвај врзуваат крај со крај, со ниски плати и високи цени, не можат и не смеат и нема да чекаат. За спас многу наши граѓани ќе бидат принудени како тоа што веќе го прават да вадат бугарски пасоши. Ќе останеме и без држава и без народ. Целта е тие да си делат криминални тендери, да грабаат народни пари, а народот да пати и да плати. И тоа така со децении.

Се потврди тоа што го говоревме во изминатиот период дека Мицкоски ја турка земјата во изолација и работи за странски интереси, преку српски, унгарски се до руските интереси.

Мицкоски е прокси руски играч. ВМРО организираната криминална група е тројански коњ на поделбите на македонското национално ткиво.

Мицкоски клечеше и молеше за власт, лажејќи го народот дека ќе го врати името, а сега поради него, Македонија е таа што е на колена. Предадени се нашите национални интереси, стратешката определба на земјата да биде рамноправен дел со обединетите народи на Европа.

За македонскиот народ, членството во ЕУ значи интеграција како Македонци кои говорат македонски јазик, рамноправни во големото европско семејство. За сите наши граѓани, членството во ЕУ носи пари, носи пристапни фондови до 40 милијарди евра, поголеми плати, повисоки пензии, подобро образование, подобра инфраструктура, подобро здравство, и секако правда.

Немаме децении за губење. Тоа се нашите животи, тоа се животите на нашите деца, и на нашите внуци. Македонија нема децении за губење! Оваа земја не е создадена за да чека, за да стои во место, да се плаши во неизвесност и да се затвора во изолација.

Македонија е создадена за да оди напред, да напредува, да биде слободна, демократска и европска земја. Македонија не е создадена за власта да ја краде, да го пљачка народот, и да ја држи во неизвесност. Ова е прашање за иднината на државата.

СДСМ и целата коалиција сме подготвени да се спротивставиме и силно ќе се спротивставиме и ќе ја водиме борбата  за европска Македонија. Ве повикувам сите да се приклучите. Да се обединиме околу идејата за напредна, европска Македонија. Против изолацијата, против криминалот и корупцијата. Да живееме во нормална држава, со европски плати и животен стандард, со нула корупција, земја во која што младите ќе сакаат да останат.

Јас немаат дозволам, СДСМ нема да дозволи да ја снема оваа тема. Да ја снема желбата, да го снема сонот на нашите граѓани за Европа. Напротив ќе се борам, ќе се бориме уште посилно и уште по одлучно. Борбата допрва почнува, ќе ја вратиме нашата држава на европскиот колосек, како што ја внесовме во НАТО така ќе ја внесеме Македонија и во Европска Унија.

 

ЕУ Мицкоски прес Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026
ФОКУС
March 29, 2026

САД: „Власта му припаѓа на народот“, „Без кралеви“, … – протестни пораки до Трамп

ВЕСТИ March 29, 2026

Во градови низ САД одржуваат големи протести против администрацијата на Доналд Трамп. Ова е трето…

Кочани: Нов марш за Ангелите

March 28, 2026

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

March 28, 2026

Израел погоди нуклеарни објекти во Иран

March 27, 2026
ТИКЕР

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.