По повод денешниот Ден на македонскиот јазик, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека благодарение на правилните политики на СДСМ, денес македонскиот јазик е целосно признат и заштитен на меѓународно ниво.
Денеска го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, јазик кој е целосно признат во Фронтекс во 2022-ра година, првиот официјален договор во Европската Унија, потпишан на чист македонски јазик, без фусноти, без објаснувања, без ѕвездички, рече Филипче.
Тој потсети дека признавањето на македонскиот јазик е потврдено и во меѓународните договори и организации.
Во Преспанскиот договор од 2018 година експлицитно е наведено дека македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици и е признат од Обединетите Нации. Во Европската Унија, македонскиот јазик е официјално признат во Преговарачката рамка, во Обединетите Нации, сите други меѓународни организации и секако билатерални договори, рече Филипче.
Притоа, Филипче нагласи дека македонскиот јазик не е загрозен, и потенцираше дека власта свесно создава вештачка паника за политички цели.
Македонскиот јазик не е на продажба и тој не е никако загрозен. Сепак, Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот. Зошто тоа го прави? Па затоа што му треба изговор. Нема ниту една реформа, нема мерки за граѓаните, нема буквално ниту еден резултат. И во исто време, кампања на медиумите под контрола на Орбан, против СДСМ, затоа што ние ги поддржуваме европските интеграции, рече Филипче.
На Денот на Македонскиот јазик со гордост може да кажеме дека поради СДСМ е признаен и обезбеден
По повод денешниот Ден на македонскиот јазик, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека благодарение на правилните политики на СДСМ, денес македонскиот јазик е целосно признат и заштитен на меѓународно ниво.
Денеска го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, јазик кој е целосно признат во Фронтекс во 2022-ра година, првиот официјален договор во Европската Унија, потпишан на чист македонски јазик, без фусноти, без објаснувања, без ѕвездички, рече Филипче.
Тој потсети дека признавањето на македонскиот јазик е потврдено и во меѓународните договори и организации.
Во Преспанскиот договор од 2018 година експлицитно е наведено дека македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици и е признат од Обединетите Нации. Во Европската Унија, македонскиот јазик е официјално признат во Преговарачката рамка, во Обединетите Нации, сите други меѓународни организации и секако билатерални договори, рече Филипче.
Притоа, Филипче нагласи дека македонскиот јазик не е загрозен, и потенцираше дека власта свесно создава вештачка паника за политички цели.
Македонскиот јазик не е на продажба и тој не е никако загрозен. Сепак, Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот. Зошто тоа го прави?Па затоа што му треба изговор. Нема ниту една реформа, нема мерки за граѓаните, нема буквално ниту еден резултат. И во исто време, кампања на медиумите под контрола на Орбан, против СДСМ, затоа што ние ги поддржуваме европските интеграции, рече Филипче.
Граѓаните чекаат на граници а владата на Мицкоски им вели „летувајте дома“
Наративот повторно е ист. Предавници. Па сега кога граѓаните ќе го слушнат ова нека се сетат на неговите ветувања дека ќе го укинеше Преспанскиот договор, дека ќе го праќаат името. Толку од предавниците и нивната кампања да се прикажат така и затоа мора постојано да создаваат вештачки проблеми, да го блокираат европскиот пат и да ја претворат Македонија во слепо црево на Балканот, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција обвинувајќи ја владата на Мицкоски дека само создва проблеми наместо да ги решава.
Најсвежиот пример метежот на границите со новата мерка од Европска Унија. наместо Министерството за надворешни работи да се обиде да го реши проблемот, луѓето кои патуваат надвор, премиерот порачува летувајте во Македонија на наши езера и планини. Исто како што лажеа за камионџиите, се е решено, па сега истото го прават и за сите граѓани. Министерот разговарал со некого од ЕУ и толку, толку за сериозна европска политика. Премиерот не решава проблеми. Тој ги создава за да има изговор зошто не се исполнуваат реформите, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Нема реформи за ЕУ затоа што ќе мора да одговараат за криминал
Власта не ги спроведува потребните реформи за ЕУ затоа што ќе мора да одговараат за криминал, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче потенцираше дека блокадата на европскиот пат што ја прави владата на ВМРО, е поради избегнување одговорност за криминалот и корупцијата што ја прават.
Ветуваа дека до јуни ќе ги решат сите осум преостанати точки од реформската агенда, иако за две години не е решена ниту една. Мицкоски Ја нема решено ниту првата и клучна точка, тоа е внесувањето на малцинствата во Уставот, и при тоа јасно кажува, нема да отстапи ни милиметар. Малцинствата во Уставот не се бугарско прашање, тие се европско прашање. Затоа што не се внесуваат само Бугарите, се внесуваат и други малцинства. И сето тоа се елементи за правење намерен конфликт, за да не продолжат реформите и за да не продолжи интеграцијата, рече Филипче.
Тој додаде дека вистинската причина зошто власта го блокира европскиот пат на државата е избегнување на контрола и одговорност.
Ако продолжи интеграцијата, некој од Европската Унија ќе дојде тука и ќе го контролира текот на парите, тендерите, трошењето. Е, тогаш за криминал и корупција ќе треба да се одговара пред европските институции. Јасно е, нема европска интеграција, има само намерна изолација, рече Филипче.
Притоа, Филипче посочи дека граѓаните веќе ги препознаваат погрешните политики на владата на ВМРО и нивните криминални тендери.
Јасно е дека повеќе со овие методи на овој начин долго не може да се владее, поради тоа што ги разобличуваме нивните лаги, ги објавуваме нивните криминални тендери, ја разобличуваме нивната лажна патриотска политика, сè со цел да седиме тука во место и да нема никаков напредок, ништо за граѓаните да не се направи, освен за малата група околу Христијан Мицкоски, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче порача дека следува политичка одговорност и промена на власта.
Ќе ставиме крај на оваа власт затоа што е криминална, најкорумпирана во цела Европа и затоа што е антинародна, антинационална и затоа што не се грижи никако за иднината на државата и на граѓаните. И ќе ја вратиме власта во рацете на народот. И тоа одговорно го кажувам, рече Филипче.
Кој ги зел провизиите за унгарскиот кредит е клучното прашање
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање посочи дека случајот со унгарскиот кредит отвора сериозни сомнежи и прашања кои треба да бидат предмет на интерес и на јавноста и на институциите, за тоа кој ги зел провизиите.
Станува збор за кредитот од една милијарда евра, за којашто Христијан Мицкоски кажуваше дека доаѓа од европска земја. Но, и анализите тогаш коишто ги извадивме од банките укажаа дека потеклото на парите е всушност кинеско, рече Филипче.
Тој појасни дека ова прашање сега го актуализира новиот унгарски премиер Петар Маѓар, којшто најавува обелоденување на многу детали на коишто и на унгарската јавност не ѝ биле достапни и не им биле јасни.
Тоа значи дека ќе се постави прашањето како нашата влада, уште неформирана, по победата на изборите во 2024 година отидоа кај Орбан. Дали тогаш договарале кредит од една милијарда евра? Второто прашање е каде завршиле провизиите од тој кредит. Според познавачите и професионалците во банкарскиот сектор, провизија на кредит од една милијарда евра може да изнесува неколку десетици милиони евра до сто милиони евра. Тоа ни го кажуваат нас експертите. Дали некој зел провизија, потенцираше Филипче.
Филипче отвори и прашања поврзани со распределбата на средствата и можните злоупотреби.
Зошто се зема кредит да се финансираат само одредени компании, економски субјекти? Зошто сите ние да плаќаме од нашите даноци пари коишто ги субвенционира компанијата којашто ги земала дел од тие кредити? Зошто некои други компании коишто не зеле кредит преку своите даноци плаќаат кредити за други компании? Каде е тука логиката? Дали честото одење на авионот во Будимпешта е поврзано со кредитот? И тоа е прашање коешто ќе се отвори многу скоро во Унгарија. Така што, многу нелогичности околу тој кредит, но времето ќе покаже сè, потенцираше преседат на СДСМ, Венко Филипче.




