Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче не се откажува – најави нов тендер за реагенси

0
By Нова ТВ on November 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

При крај сме со подготовките за тендерот за набавка на лабораториски реагенси, правиме финални консултации и се надевам за недела- две ќе се објави постапката, објави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека со новиот тендер ќе се заштедат пет шест милиони евра (15 отсто) од сегашната сума што се троши.

– Сметаме дека на износ од 35, 36 милиони евра за три години ќе заштедиме најмалку пет шест милиони, а тие пари ќе ги инвестираме назад во здравствениот систем пред се во платите, но и подобрување на опремата и на инфраструктурата, рече Филипче.

Најави нов систем на функционирање на лабораториите во здравствените установи со цел да се воспостави поквалитетен лабораториски систем, да се направи голема заштеда, а тоа да го почувствуваат пациентите.

– Се планира систем на транспорт на крв ќе функционира во рамки на градовите, нема да има осум централни лаборатории и систем за транспорт на крв низ државата, ниту повеќе лаборатории во две или три места во помалите места. Пациентите како и досега ќе може да извадат крв, на пример во Здравствениот дом, а таа ќе се транспортира до болницата, што е многу мала дистанца, со што значително ќе се намалат трошоците. Во Штип има лабораторија и во болницата, и во Здравствениот дом и во Центарот за јавно здравје, што е несоодветно, прескапо за еден ваков систем за да може да се одржува, рече Филипче.

Посочи дека во Скопје ќе има лаборатории во големите болници, централна лабораторија во Клиничкиот центар, во ГОБ „8 Септември“, во Старата градска болница, а бројот на лаборатории во Здравствениот дом во амбулантите ќе се преполови од 11 на пет или шест. При тоа, нагласи, лабораториите во поликлиниките во рамки на Здравствениот дом ќе бидат распределени таму каде ќе бидат пунктовите каде веројатно од јануари ќе има дежурни служби пред се педијатри за да се намали притисокот кон Детската клиника во Скопје, а на сите други места до најблиската поликлиника ќе биде организиран транспорт.

– Планираме да направиме постапка во која ќе бидат имплементирани сите сугестии на второстепената комисија за јавни набавки, ќе има повеќе лотови, ќе биде деллива и отворена за компетитивно да учествуваат повеќе економски оператори, рече Филипче.

Во рамки на таа постапка, потенцира, ќе се направи лот за компјутерски систем кој ќе го следи трошењето на реагенсите, вкупната количина на резерва со која располагаат јавните здравствени установи, а врз основа на тоа ќе има комплетен увид во потрошувачката и во буџетите кои сега се трошат во сите ЈЗУ.

Потенцира дека планираат со постапка да побараат бесплатни апарати, како што сега прават економските оператори, а за да се трошат нивните материјали и сервисот да биде бесплатен. Со тоа, појасни, државата ќе добие бесплатни апарати, сервис, за што сега се троши дополнителна сума од буџетот надвор од оваа за реагенси, што не можеме да ја исконтролираме и сето тоа да биде значајна заштеда.

– Пациентите ќе бидат упатувани на истите места каде и досега биле упатувани, ќе останат службите за лаборантите кои ќе вадат крв и таа соодветно ќе се транспортира. Пациентите нема да се упатуваат во приватните амбуланти во малите места. Нема да има отпуштања од работа. Во Клиничкиот центар ќе има голема лабораторија на Институтот за биохемија, каде и сега се носи крвта и ќе има специфични анализи само на одредени клиники на тие кои прават анализи специфични за својата патологија во областа на гинекологијата, инфективните болести. Ќе остане лабораторијата на Хирушките клиники, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Претходниот тендер беше поништен

Министерството  за здравство во август во целост го поништи тендерот за набавка на реагенси, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ги прифатила сите три жалби на компаниите Адриамед, АД Д-р. Пановски и Авицена, кои се жалеа на условите кои беа наведени во огласот.

Тие навеле аргументи дека спецификациите за набавката на реагенси одат во корист на производите на фармацевската компанија АБОТ – единствениот апликант за тендерот во висина од 35 милиони евра.

Тендерот требало да биде поделен на неколку помали набавки, а не во еден пакет, стоело во жалбите.

Одлуката за поништување на тендерот треба да им биде соопштена и на единствениот кандидат фармацевската компанија АБОТ и фимрата подизведувач АХР ЛАБ.

На 23 јули министерот за здравство Венко Филипче објави дека тендерот е стопиран, бидејќи евалуацијата покажала одредени неправилности во документацијата.

Фирмата АХР ЛАБ која е носител на дејност, тврди дека не поднеле понуда на тендерот за реагенси.

 

тендер за реагенси Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.