Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче не знае детали за фирмата понудувач, ја чека евалуацијата

0
By Нова ТВ on July 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 22, 2018 15:52

До Министерството за здравство досега пристигнале четири приговори во однос на тендерската постапка за набавката на реагенси, за што деновите се отвори дебата во јавноста, по информациите во медиумите дека на тендерот има само една фирма, АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје, непозната во оваа област и формирана истовремено кога беше најавен ваквиот тендер од министерот Венко Филипче, во април годинава.

Филипче денеска на прес конференција рече дека фирмата Министерството нема склучено договор со единствената фирма понудувач на овој тендер и дека во тек е фаза на евалуација што завршува оваа недела.

-Во изминативе денови проструија во јавноста многу невистини и шпекулации во врска со тендерската документација за набавка на реагенси за јавните здравствени установи во РМ. До крајниот рок за поднесување на понудите за овој тендер пристигна само една понуда. Во моментов постапката е во фаза на евалуација е се уште не е стигната до електронска аукција… Доколку се утврди дека документацијата не е во ред и постојат недостатоци во целокупната поднесена документација во однос на понудата согласно одредбите од Законот за јавни набавки истиот претставува основ за поништување на тендерот. Истовремено внимателно ги слушаме зебелешките кои излегоа во јавноста, рече Филипче.

На прашањето дали му е познато дека оваа фирма е непозната во оваа област и дека нејзиното формирање е пред само неколку месеци, Филипче рече дека не знае детали и посочи дека отворањето на тендерот било јавно на што присуствувале од Центарот за граѓански комуникации и надворешни претставници на фирмите. Прашан хипотетички, дали е можно ваква фирма да биде избрана за подизведувач на еден толку финансиски тежок тендер, Филипче рече дека тоа ќе покаже евалуацијата.

На барањето од Алијансата на Албанците и ВМРО ДПМНЕ да поднесе оставка заради овој случај, Филипче одговори дека не знае со кој образ тие излегуваат да зборат во јавноста за здравството кое го газеа со години.

-Излезе и еден колега доктор во име на партијата и стои пред монитори кои вредат колку една интензивна нега и држи прес конференција од објект кој вреди повеќе од два клинички центри и изнесува невистини. Мислам дека е несоодветно и некултурно, а пред се се групи лаги, истакна тој и не ја отфрли можноста за оставка.

-Ако сметаат треба оставка затоа што правиме заштеда, дека го знаеме механизмот како да го направиме тоа, ќе поднесам оставка, нема проблем, рече Филипче.

Министертоза здравство на прес конференцијата објаснуваше и зошто овој тендер има толкава финансиска тежина, истакнувајќи дека тоа е тригодишна јавна набавка за тестови и реагенси за хемиски, имунолошки, хематолошки и коагулациони анализи и со него се подмируваат потребите на сите јавни здравствени установи, а во однос на тоа зошто во тендерот е посочено набавките да бидат од компанијата АБОТ, со што се стеснува и можноста за понуди, Филипче рече тоа и во моментов е така.

 

 

реагенси тендер Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.