Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Очигледно е дека Владата не сака да почнеме преговори со ЕУ, а ние тоа нема да го дозволиме

0
By Marija Todorovska on September 1, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 1, 2025 13:10

Добро е да знаеме на што сме. ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт и тоа го повторуваме цело време, апсолвирано е тоа прашање, со лажна кампања. Ветуваа подобри преговарачки позиции, а не спомнаа дека преговорите ќе запрат. Сега практично се запрени, ништо не се случува. Од една страна ништо не се случува ниту со реформската агенда, нема носење реформски закони во Парламентот, ниту пак нешто се случува во делот на тоа што е добиена понуда од цела ЕУ, а тоа е да се направат уставните измени и да се отворат поглавјата за преговори со ЕУ,  изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кои се неговите очекувања зошто премиерот Мицкоски ја отфрли Резолуцијата, Филиче вели дека Владата бара изговори.

Едно е да бараат изговори, а тоа го прави Владата. Прво бараа да има одложено дејство на уставните измени, видоа дека не може. Цела Европа им кажа дека тоа е невозможно. Бараа Бугарија да прифати пресуди на Судот за човекови права во Стразбур и тоа видоа дека не може да го изменаџираат. Не гледаме дека нешто се трудат околу тоа да направат, нема дипломатска активност на таа тема. Министерот за надворешни работи зборува за роаминг и ништо друго. Очигледно е дека се конзистентни кон тоа да нема преговори со ЕУ, а ние тоа нема да го дозволиме. Ќе се бориме поради тоа што е единствената иднина за нашата земја и ќе ставиме на масата. Еве Резолуција, да ги утврдиме нашите црвени линии за да укажеме јасно и гласно дека сите треба да бидат чесни кога кажуваат какви се политиките, а не да се користат со лаги и манипулации за скриено да протуркаат некоја своја политика која очигледно не не води никаде, рече Филипче по посетата на ОУ „Киро Глигоров“ во општина Центар.

Најави дека ќе го видат документот оваа недела и додаде оти ќе разговараат за следните чекори. – Ако има чесен пристап од страна на власта, ќе седнат и ќе разговараат, дали на лидерска средба, дали во Парламентот, дали најголемите политички партии. Ова е едно од најважните прашања за иднината и за напредокот на земјата. Сметам дека не смее ништо да не се случува, ниту пак да се става од страна вака како тоа што го прави Владата, рече Филипче.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кои се црвените линии кои ќе ги предложат во Резолуцијата, Филипче рече дека разработуваат еден детален документ и оти во теков на неделава ќе го презентираат пред јавноста и пред сите политички партии.

Прашан за лидерска средба, Филипче изјави дека тоа секогаш е отворена понуда затоа што најважните прашања за државата така треба да се решаваат.

Никој од другите политички чинители не прифатија повеќе апели наназад. Еве сега ќе го покажeме во јавноста документот, па нека знаат граѓаните кој е за Европа, а кој не е, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ рече дека не се распродадени македонските национални интереси и додаде оти тоа е само една лажна кампања.

И сметам дека не треба да ја продолжувате, не треба да ги лажете граѓаните поради тоа што е сериозна работа, со која ги загрозувате националните интереси на државата, рече Филипче.

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека е лицемерен по објавата за инвестицискиот „бум“, Филипче рече дека излегуваат со бројки и со аргументи.

Гледаме дека во првите шест месеци лани странските инвестиции биле над 500 милиони евра, а сега се 220 во првите шест месеци годинава. Ете ги резулатите од економските политики на Владата. Вчера премиерот кажува дека има раст на индустриското производство, а не кажува дека само станува збор за разлика во цените поради тоа што сите репроматеријали и се што се користи во индустриското производство е поскапено. Од тука произлегува зголемувањето на цените, не е физички зголемено индустриското производство, нема повеќе производство. За жал гледаме катастрофални политики, политики на негрижа кон граѓаните, на секое ниво. Цените во маркетите не се под контрола, платите никако не растат. а со лозарите вчера го коментиравме проблемот. Вие може да излезете и да кажете било што, но луѓето знаат колку пари добиваат секој први и колку можат да им купат на децата, подвлече Филипче.

Филипче на наставниците, на учениците и нивните семејства им посака успешна учебна година.

Венко Филипче СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.