Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Од утре ќе се бараат дозволи од родителите за скринингот, целта е откривање на асимтоматските носители на вирусот

0
By НОВА ТВ Balaban on October 13, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема ништо страшно, обичен брис се зема од децата. Целта е да се открие дали ќе има асимтоматски носители на вирусот меѓу децата – појасни министерот.

Mоделот за скрининг на учениците од основните и средните училишта е подготвен и, заедно со Министерството за образование, утре ќе почнат да  бараат дозволи од родителите, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по настанот за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекувањето и спасувањето човечки животи.

– Закаснивме една недела. Скринингот требаше да започне оваа недела. Меѓутоа, нешто подолго потрае анализата на бројот на учениците во училиштата, основни и средни. Со оглед на тоа што сега е готова методологијата, од утре ќе почнеме да бараме писмена согласност од родителите, заедно со МОН. Верувам дека до крајот на оваа и почетокот на следната недела тоа ќе се обезбеди, за од следната недела да се спроведе скринингот, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Тој апелираше родителите да го прифатат скринингот и додаде:

– Нема ништо страшно, обичен брис се зема од децата. Целта е да се открие дали ќе има асимтоматски носители на вирусот меѓу децата и дали тој се пренесува во самите училишта, појасни министерот.

Со скринингот ќе бидат опфатени околу 8 200 деца, кои ќе се тестираат по случаен избор.  

Следниот понеделник, најави Филипче, во Владата ќе се разговара за воведување на мерката во затворените места да може да се влезе само со сертификат за примени две дози вакцини.

– Веројатно ќе оставиме уште една или две недели дополнителни, со оглед на тоа што веќе е најавено, за да почне да важи препораката да во сите затворени места, согласно сегашните мерки на Комисијата, наместо со една доза, биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини, посочи министерот.

 

Венко Филипче дозволи родителите скринингот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.