Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил се заблагодари на сите оздравени пациенти од ковид-19 кои донираа плазма за лекување на заболени.
„Апелирам до сите што можат да донираат, да го сторат тоа. На тој начин може да спасите живот.
Плазма може да даруваат луѓе кои го прележале ковид-19 на Институтот за трансфузиона медицина“, напиша Филипче.