Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Реформи нема, Македонија губи време

0
By Zoran Ivanov on November 20, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 20, 2025 18:01

На седницата на Националниот совет за евроинтеграција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а владата нема политичка волја за суштински реформи.

Јасно кажува овој извештај, дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава. рече Филипче.

Тој истакна дека нема напредок во клучни области и дека државата ризикува нови услови за отворање на преговорите.

Нема напредок во клучните области. Од тука се гледа дека оваа влада нема политичка волја да ги направи реформите, жалам што денеска слушам, дека денеска и овој период не бил време за реформи. Ако до минатата година имаше само еден услов, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови, додаде Филипче.

Филипче ги истакна забелешките на Европската комисија за правосудството, борбата против корупцијата, медиумските реформи, економијата и образованието, сектори во кои, според ЕК, нема напредок или е забележано назадување.

Генералната независност и финансиска автономија на правосудството се поткопани. Нема напредок ниту во борбата против корупцијата. Владата нема напредок во клучни реформи поврзани со економските критериуми. Никој нема да биде крив, целата одговорност е во владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, потенцираше Филипче.

 

нема реформи Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.