Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Резолуцијата е еден од најпатриотските документи на политичката сцена изминатите децении

0
By Zoran Ivanov on September 27, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 27, 2025 15:28

Резолуцијата е еден од најпатриотските документи којшто бил понуден на оваа политичка сцена изминатите повеќе децении, поради тоа што отвора простор и врата конечно да се постигне национален консензус за нашите црвени линии и за што ние утре нема да преговараме со Европската унија доколку се постави такво прашање, односно тоа од што луѓето стравуваат во иднина – јазикот, идентитетот, културата и историјата, изјави денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по регионалната конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“ на која учествуваа претседатели на сестринските социјалдемократски партии од Западен Балкан, како и претставници на тинк-тенкови и граѓански организации.

Во врска со изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Предлог-резолуцијата е неприфатлива и дека во неа е направен историски фалсификат, Филипче во одговор на новинарско прашање рече дека искрено жали за таквата изјава на Мицкоски, бидејќи, според него, сѐ што е наведено во таа резолуција е точно и прецизно. Целта е, рече, да се искористи актуелниот моментум за проширување на Европската Унија до 2030 година и да се спречи понатамошно заостанување на земјата зад другите држави кандидати.

Морам да кажам дека искрено жалам што таква изјава даде премиерот. Прво, сѐ што е наведено во таа резолуција е точно и многу прецизно. Таму се наведени историски факти, резолуции претходно донесени во Собранието, точно наведено што во тие резолуции претходно е веќе заштитено… Искрено сметам дека ќе се надминат себе си во следниот период за време на кампањата сите политички партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, дека ако ништо друго ќе најдат сила и ќе седнат на маса да дискутираме за овој документ, поради тоа што времето сериозно нѐ гази, регионот оди напред, а ние тука не гледаме никаков напредок, рече Филипче.

Вели дека за првпат се работи за Предлог документ што треба заеднички да се доработи, унифицира и поднесе којшто ја содржи хронологијата на сите претходни резолуции донесени во законодавниот дом. Прашан зошто смета дека заедничко писмо е подобро решение во случај на евентуално вето од соседна Бугарија, а не напуштање на преговорите, тој рече дека Европската унија треба да знае што ги загрозува црвените линии на нашата држава.

Вистинско седнување на маса како сите сериозни држави и постигнување на национален консензус, а не само празни флоскули, најави и неправење ништо… Јасни се нашите предлози кога треба да започне процесот на уставни измени, а кога да заврши и согласно тоа да се отворат поглавјата во рамките на преговорите. Европската унија треба да знае што ние сметаме дека нешто што загрозува некакви наши црвени линии во текот на преговорите, а што не. И во тој контекст едно писмо до сите релевантни структури во рамки на Унијата, рече Филипче.

За програмите кои СДСМ ги нуди на претстојните локални избори, лидерот на социјалдемократите вели дека се суштински и детално обработени врз основа на искуствата од другите земји. Тие не се случајни, рече Филипче, ниту лажни со нафрлени ветувања.

Имаме луѓе кои се признати во своите средини, со кредибилитет и легитимитет да излезат и да побараат поддршка од граѓаните, луѓе кои што имаат капацитет да ги спроведат тие програми. Чесни луѓе, кои што чесно ќе работат со буџетите на граѓаните, за што јас лично земам одговорност пред сите граѓани и ќе имаме една позитивна и фер кампања, за што очекувам од сите политички субјекти еднаков таков пристап, рече Филипче.

На новинарско прашање дали би понел одговорност со заминување од челната позиција на СДСМ доколку се оствари она што го предвидуваат анкетите, односно повторен пораз на претстојните локални избори, Филипче рече дека се работи за обид на ВМРО-ДПМНЕ да створи перцепција дека се победници на изборите, меѓутоа, според него, граѓаните не се воопшто задоволни од начинот на којшто владејачката партија раководи со општините.

Анкетите сметам дека се обид да се искриви вистинската слика во секојдневниот живот и реалноста, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ според наши анализи губи огромен број на гласови. Сакаат да створат некаква перцепција дека се победници, меѓутоа вистината е дека граѓаните воопшто не се задоволни од начинот како тие ги раководат општините. Дури 90 отсто од општините во Скопје вклучувајќи го и Град Скопје ги раководат ВМРО-ДПМНЕ изминатите четири години, па гледајте во каков град и какви општини живееме, рече Филипче.

 

патриотска резолуција Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.