Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Вирусот се пренесува и преку обувки, од Кина може да се добијат 200 респиратори

0
By Нова ТВ on March 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата е под контрола. Во споредба со Европа, се чини како мала бројка, иако не треба да се залажуваме. Веројатно ќе има пораст на бројот на заболени. Го очекуваме секое можно сценарио. Имаме вирус без правила. Во Италија колегите имаат првични сознанија дека повеќе денови останува на површините, дури и на асфалтот. Вирусот го нашле на нивните обувки, изјави министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Апелира до граѓаните сериозно да ги сфатат препораките и дека се работи за криза која може и да потрае.

„Колку повеќе се придржуваат до мерките, толку поблаг ќе биде пикот на болеста и здравствениот систем ќе може да го издржи. Ние не може да предвидиме. Сите мерки што ги правиме е за бројот на заболени да биде што помал. Верувам со сите мерки дека сме подготвени, особено со планот на ротација на кадарот, со опрема, материјали дека нема да ни се случи сценарио кое нема да може да го контролираме“, истакна Филипче.

Во однос на респираторните машини, Филипче рече дека вкупниот број на машини во сите јавно здравствени установи во државата изнесува околу 120 од кои 90 во Скопје. Од приватните може да се смета на близу 80 машини, а од Кина може да се добијат уште 200 машини.

„Оваа недела завршува постапката и стигнуваат уште 50, а има добра шанса да обезбедиме уште 50 за една недела до 10 дена. Во соработка со амбасадорот на Кина, тој ја понуди нивната помош, како од нивните експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози, може да добиеме уште 200 машини од Кина. Не станува збор само за машини, мораме да ги спремиме и луѓето, бидејќи не секој знае да ракува со нив“, рече Филипче.

Додаде дека поради потребата од користење на респираторните машини ќе се врши преобука на кадарот.

„Тоа што веќе се направи е распоред на докторите анестезиолози кои знаат да ракуваат со овие машини. Ќе ротираат во места кои претходно ги одредивме кај ќе се третираат пациенти со цел да спласне притисокот и да се штеди кадарот. Ако во некоја институција се најде заразен целиот персонал оди во изолација. Од денес се редуцирани оперативните интервенции за да се штеди кадарот и крвта, редуцирани се и крводарителските акции. Нема да има интервенции кои може да се одложат. Нема повеќе утрински стручни состаноци, со цел да се редуцира физичкиот контакт, телефонски ќе се зборува. Еден доктор може да биде одговорен за повеќе пациенти. Тоа што почнува да се прави е тренинг на медицински сестри кои треба да работат на интензивна нега. Тие што беа примени изминатите две години, ставени се во функција да работат на обични одделениија, а на поискусните им треба мала едукација за интензивните одделенија“, истакна Филипче.

Венко Филипче Кина Коронавирус Респиратори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.