Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Во четврток пункт за вакцинација во Универзитетот св. Кирил и Методиј

0
By НОВА ТВ on September 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 6, 2021 11:19

Вакцинацијата во државата се одвива добро и процесот тече регуларно во сите пунктови низ државата. Во изминатиот период е пораснат опфатот со вакцинација кај повозрасните граѓани. Од вкупното население над 40 години, вакцинирани се 53 отсто, информираат од Министерството за здравство. Младите граѓани се оние кои се во моментов најизложени на ковид вирусот и истите се главни медијатори, поради комуникацијата со своите соученици, другари. Во денешната изјава за медиуми пред малата сала во А1 СЦ Борис Трајковски, министерот за здравство д-р Венко Филипче најави отворање на нов пункт за вакцинација во Универзитетот св. Кирил и Методиј и како што кажа, со овој чекор се става акцент на тоа вакцините да бидат подостапни и за младите граѓани за истите да вакцинираат во поголем број во периодот што претстои.

-Вирусот се шири меѓу нив, тие се медијатори може да го шират и во своите семејства. Докажано е дека вакцината е безбедна , докажано е дека е ефикасна, не треба да има страв, тоа е еден од начините да се спречи ширењето на вирусот. Битно е младите да се социјализираат, да ги вратат назад своите животи. Знаеме колку им се промени животот во изминатиот период со тоа што немаа социјални контакти, со тоа што не одеа во училиште и затоа и за помладите важи правилото дека само со вакцинација може да ги нормализираат целосно животите. И затоа сега ставаме акцент на промоцијата, на повикот кон помладите да се вакцинираат. – потенцираше министерот Филипче.
Мотивирачки повик за сите млади испрати и студентот по медицина, Ернес Никочевич. Тој ги повика младите да се вакцинираат, повикувајќи се на искуството коешто го стекнал во изминатиот период од започнувањето на пандемијата, како волонтер во спроведувањето на епидемиолошките анкети на потврдени случаи со Ковид 19 во есенскиот период, во ковид центрите и во процесот на имунизација кадешто учествуваат преку 120 волонтери од медицинскиот факултет.

-Оваа моја порака денес сакам да ја упатам до сите млади луѓе во државата, моите врсници да покажеме еден висок степен на свест, на сериозност и на одговорност кога станува збор за јавното здравје, да се вакцинираме, да не дозволиме да се преплават здравствените капацитети, да се заштитиме себеси и да ги заштитиме луѓето околу нас, кажа Ернес Никочевич.

вакцинација Универзитет Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.