Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Задолжителна вакцинација на здравствените работници, затоа што тие треба да бидат пример

0
By Sashko on November 19, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Задолжителната вакцинација на здравствените работници е важна поради тоа што тие треба да бидат пример. Доколку пациентите доаѓаат таму да се лекуваат, мора да знаат дека луѓето кои ги лекуваат се целосно вакцинирани, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

За предлог-мерките, како што рече, ќе се разговара на Главниот кризен штаб во понеделник, а потоа и на седница на Влада.

Тоа е нешто што ќе го разговараме во текот на наредната недела. Ние за таа мерка ќе дискутираме на Главниот кризен штаб во понеделник, а потоа и на седница на Влада. Денеска искомуницирав и со претседателот на Синдикатот на здравство, кој апсолутно дава поддршка на оваа мерка, но, исто така, го иницираше прашањето, исто како и другиот синдикат УПОС, што со оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со сопругата на полскиот претседател и сопругата на претседателот Пендаровски во Институтот за трансфузиона медицина.

Филипче изјави дека ги следат примерите од останатите држави и оти се повеќе земји од регионот и од Западна Европа применуваат мерки со кои сѐ повеќе рестрикции се однесуваат на невакцинираните.

Сѐ уште нема земја, ниту има препорака од некоја меѓународна институција оваа вакцина да стане задолжителна и да влезе во календарот. Тоа е нешто што кога би се случило, а искрено верувам дека е еден од начините да се излезе од кризата следната година, ние би го направиле, но, засега нема такви препораки, така што правиме и следиме примери што ги имплементираат различни земји во светот, рече Филипче.

Во моментот, како што соопшти, државата располага со 470.000 вакцини на „Фајзер“ и 20.000 на „АстраЗенека“. Се очекува да пристигнат и 200.000 вакцини на „Фајзер“ како донација од Италија, со рок до средината на следната година.

Во врска со реализацијата на проектот за изградба на штипската Клиничка болница, Филипче потврди дека Банката на Советот на Европа, која беше финасиер, се повлекува поради слабата динамика на изградба. Министерствата за здравство и за финансии, како што рече Филипче, веќе работат на изнаоѓање на други начини за финансирање на проектот.

„За жал, затекнавме неколку несоодветни проекти на почетокот на мандатот. Еден од нив беше проектот за новиот Клинички центар потпишан со компанија која беше пред банкрот и тој го раскинавме. Меѓутоа, оваа изградба беше започната, но, за жал, со нецелосен проект кој бараше многу измени и за кој, не по наша вина, туку поради несогласувања, се води судски процес помеѓу изведувачот и иницијалниот произведувач. Истиот заглави во судски процес, а со тоа и во блокада. Гледајќи дека бавно одат работите, банката на Советот на Европа најави дека ќе се повлече, а во координација со Министерството за финансиии сега се бара друг кредитор. Така што, согласно таа динамика, како ќе се одглави тој процес за да може изведувачот да работи и да се најде друг инвеститор, болницата сигурно ќе продолжи да се гради“, изјави Филипче.

вакцинација Венко Филипче Здравствени работници Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.