Шпанија по петти пат ја понесе шампионската титула од Европските првенства за фудбалери до 21 година. Младата селекција на „црвената фурија“ во финалето на турнирот во Италија, ја совлада Германија со 2:1 и на најдобар можен начин ` се реваншира за поразот на ЕП 2017.
Шпански стрелци на „Дачија арена“ во Удине беа Фабијан Руиз во 7. минута и Дани Олмо во 69. минута, погодокот на бранителот на тронот беше дело на Надим Амири во 88. минута.
Со овој триумф, Шпанија се израмни со Италија по бројот на освоени титули во историјата на младинските Европски фудбалски првенства. Како најдобар стрелец на турнирот заврши германскиот репрезентативец, Лука Валдшмит со седум погодоци.
Од статистиката и податокот дека Шпанија и Германија по третпат во низа играа во финале на ЕП (У21), а младите „панцири“ се први што не успеаја да го одбранат тронот.